Home Live Постел секоја сpеда и петок и cите гoлeми поcти во годината –...

Постел секоја сpеда и петок и cите гoлeми поcти во годината – д-p Чепреганов во една прилика ја откри тајната на долговечноста

Денес од овој свет си замина, проф.д-р Методи Чепреганов, светски признат експерт за болести на мозокот, кој има објавено 71 дело.

Своите последни работни години од животот, ги помина во приватната болница „Неуромедика“, во друштво на својот стар друг д-р Миодраг Врчаковски и останатите врвни доктори во оваа установа.

Во соопштението на „Неуродмедика“, се вели дека сите вработени „изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата“.

Методи Чепреганов како невропсихијатар-епилептолог беше во самиот врв на македонската медицинска наука. Тој работеше неуморно цело време, дури и во неговите поодминати години.

Не само што сѐ уште имаше илјадници пациенти за кои имаше евиденција во својата документација, туку тој беше посветен пишувач на научни дела, над 60 во својата кариера, сите од областа на неврологијата и епилептологијата.

Беше многу чест гостин во медиумите каде го објаснуваше моментот во којшто живее не само поединецот во последните 30 години, туку и целото македонско општество.

Неговите анализи беа толку прецизни што наведуваа на сериозно размислување кон каде се движи општеството и како може да излезе од својот стрес продолжен со децении.

Во една прилика, Женски магазин објави дека постот, како интитуција на религиозна норма и канон, во семејството на проф.д-р Методиј Чепреганов (86) невропсихијатар-епилептолог, постои како традиција.

Откако знае за себе ги издржува целосно Петровите, Богородичните, Божиќните и Велинденските пости. Тоа го правеле и неговите родители и предци.

– Постам и во поедини денови во годината кои се строго одредени, како и среда и петок. Морам да признам дека во овие денови може да има и отстапувања. Постев и кога бев во Франција. Дури имаше колеги кои ме следеа во постењето.

Ритуалот да се пости е норма која треба да ја всадите од рана возраст, како и секоја молитва, макар и само со крст, кога почнувате да се храните, Бог да ви ја благослови трпезата, и кога завршувате со ручекот да му се заблагодарите што Ве нахранил“, изјави тој за Женски магазин.

Тој за истиот месиум изјавил дека за време на пандемијата напишал 24 книги, а секој ден тој прегледува од 10 до 15 пациенти на ден и е доста витален и секојдневно активен. Не сакам да ме сфатите дека сите книги ги напишав за четири месеци.

-Постот е една од нормите, кога личноста може комплетно да се контролира, така што исхраната како една секојдневна филозофија на нашето постоење, ја држите под контрола, за Бога, за себе и за сопственото здравје“, кажал Чепреганов.

Тајната за договечноста ја поврзува со генетиката како основа на сé.

– Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести.

Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ.

Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба – рече во таа прилика професорот Чепреганов за Женски магазин.

Previous articleШтo пишуваше д-р Чепреганов за eгото, cуетата и наpциcоидноста – ќе препознаете многу блиски од вашата околина во овие збоpови
Next articleСузана Јовановиќ: Oва е доказ колку е „луд“ Cаша, ниедeн маж не би и поклонил на сопругата вакво нешто