Home News Cи замина еден од најголемите македонски умови – Бог да го пpости...

Cи замина еден од најголемите македонски умови – Бог да го пpости проф. д-р Методи Чепреганов

Болницата во која изминатите годиниа работеше, „Неуромедика“, денес на социјалните мрежи објави известување, дека овој свет го напуштил проф. д-р Методи Чепреганов.

„Почитувани, Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување по чина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.

Директорот, менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!

Доктор Методи Чепреганов, неодамна во емисијата 24 анализа истакна дека живееме секој ден со некаква стре-согена состојба. Истото го нагласи и во неговото ново интервју кое го даде во Женски магазин, но зборуваше и за неговата долговечност, и која е неговата тајна.

Иако имаше 86 години, невропсихијаторот-епилептолог проф. д-р Методи Чепреганов беше сѐ уште активен во својата професија.

Во својот компјутер имаше заведено илјадници пациенти и водеше детална грижа за секој од нив. Забележителна беше и неговата виталност и позитивен пристап кон животот.

Тајната за договечноста ја поврзува со генетиката како основа на сé.

Познатиот д-р, невропсихијатарот Методи Чепреганов, во една прилика за пандемијата изјави дека одговорноста за ситуацијата и консултации, бидејќи „јас мислам“ и „ние мислиме“ е различно.

Тоа му фали на мојот народ, вели проф. д-р Методи Чепреганов во разговор за МКД.мк.

Немањето самодисциплина, тоа што секогаш бараме дупка или заобиколен пат да го изиграме законот, правото, како и подмитливоста се дел од, како што ги нарекува „фал-инките“ на народот и генерално и во контекст на кризата со коронавирусот.

„Ние сѐ правиме за да се уни-штиме, никој не чита, затоа што ‘сите знаат сѐ‘, тоа е проблемот“, вели Чепреганов.

Јас велам дека 20 отсто од македонскиот народ има заробен ум, заробен во минатото. Иднината е животот. Има три ментални склопа, едниот е личен профил на секој од нас, вториот е профил на една нација, народ и третиот е профил таканаречен цивилизациски.

Но тој еден бил во стариот век, друг бил во средниот век и трет е сега. Сега пак, со ковидот комплетно се менува перцепцијата во светот, бидејќи има животозагрижувачки фактор, за кој огромен дел од луѓето не се свесни, бидејќи таков е менталниот склоп“, изјавил Чепреганов за МКД.мк.

Откако знае за себе ги издржува целосно Петровите, Богородичните, Божиќните и Велинденските пости. Тоа го правеле и неговите родители и предци. Проф.д-р Методи Чепреганов е светски признат експерт за болести на мозокот и има објавено 71 дело.

– Постам и во поедини денови во годината кои се строго одредени, како и среда и петок.

Ритуалот да се пости е норма која треба да ја всадите од рана возраст, како и секоја молитва, макар и само со крст, кога почнувате да се храните, Бог да ви ја благослови трпезата, и кога завршувате со ручекот да му се заблагодарите што Ве нахранил“, изјави тој за Женски магазин.

Тој за истиот месиум изјавил дека за време на пандемијата напишал 24 книги, а секој ден тој прегледува од 10 до 15 пациенти на ден и е доста витален и секојдневно активен. Не сакам да ме сфатите дека сите книги ги напишав за четири месеци.

Previous articleСрбинка и Хрват по 24 години се најдоа на Фејс – за оваа љубов сите зборуваат
Next articleСузана Турунџиева: Кога ќе се погледнам во огледалo, го cлушам татко ми- ,,Можеш ти сине”