Home Live Сузана Турунџиева: Кога ќе се погледнам во огледалo, го cлушам татко ми-...

Сузана Турунџиева: Кога ќе се погледнам во огледалo, го cлушам татко ми- ,,Можеш ти сине”

Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева минатата година промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, со која станаа како сестри.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Уште еден нејзин статус е до срж искрен. Во него има и малку хумор, но Сузана како со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата ( Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе„, рече Сузана.

Сузана Турунџиева во интервју за Женски Магазин зборуваше за нејзините почетоци, нејзините дела и се’ она што го има постигнато.

,,Во минатото умеев почесто да плачам, мислејќи дека така ќе си олеснам. Подоцна увидов дека не ми станува подобро, ниту полесно, туку само се залажувам. Не паметам кога последен пат се имам расплакано,

веројатно затоа што јас немам време за плачење, жалење и кукање се додека од мене зависат други на кои сум им потребна здрава, насмеана, ведра и со широка насмевка и прегратка.”

Што се однесува до прашањето како ја држи главата горе после сите искушенија кои и ги предизвика животот, Сузана одговори дека потрагата по некои вечни прашања за неа се’ уште трае.

,,Што се однесува до ГЛАВАТА ГОРЕ, чинам дека тоа ми е во „фабричка подесеност“ и го имам наследено од татко ми Васко.

Секогаш кога ми е тешко и кога ќе се погледнам во огледало, го гледам и слушам него како ми вели:

Можеш ти сине и ова ќе го победиш, пишува Женски Магазин.

Previous articleCи замина еден од најголемите македонски умови – Бог да го пpости проф. д-р Методи Чепреганов
Next articleШтo пишуваше д-р Чепреганов за eгото, cуетата и наpциcоидноста – ќе препознаете многу блиски од вашата околина во овие збоpови