Home News Гpцитe oбјавија видео од мoмeнтoт на наоѓањето на Иван – нoвинаркaта cо...

Гpцитe oбјавија видео од мoмeнтoт на наоѓањето на Иван – нoвинаркaта cо плачлив глаc објаснува што се случило (ВИДЕО)

Вчера македонската јавност беше потресена од веста дека три момчиња од нашата земја, се загубиле во егејското море кога биле повлечени од морската струја.

Вчера попладнето, едно 25-годишно момче од Македонија беше спасено, додека по уште две кои биле исто така од нашата држава се трага откако скокнале во немирните води во Халкидики.

Пристанишните власти на Халкидики трагаат по двајца државјани на Македонија кои исчезнаа во морскиот предел на Посиди.Тамошните медиуми јавуваа дека туристите пливале на плажата „Мити“.

Крајбрежната стража од водата изваде еден државјанин на Македонија, додека потрагата по двајца се уште трае, јави доцна синоќа грчката телевизија „Скај“. Исчезнатите го прославувале роденденот на забава на плажа.

Тие скокнале во водата и струјата ги однела. Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три пловни објекти на крајбрежната стража.

Во областа Посиди дува ветер од 5 до 6 степени по бофор, Медиумите од регионот откриваат дека момчињата на возраст од 25, 30 и 32 години славеле роденденска забава на плажата, по што скокнале во водата и ги однела силната струја.

Во акцијата за спасување беа вклучени хеликоптери и неколку чамци кои се обидуваат да ги пронајдат останатите две исчезнати лица.

По стемнувањето, грчките власти најавија дека со потрагата ќе продолжат рано изутринава.

Утрово радосни вести од Грција за уште едно момче, кое било пронајдено во немирните води на Егејот.

Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Веројатно е дека хеликоптерот што учествува во акцијата го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарниот брод, што се наоѓал во близина и го спасил Македонецот, кој потоа бил преземен од чамец на грчката Крајбрежна служба.

На пристаништето тој беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.

Според грчките медиуми, момчето се вика Иван и тој е 30-годишникот кој вчера славел роденден, кога заедно со уште двајца другари влегле во морето и биле повлечени од силните струи.

Извори од крајбрежната служба на Грција, како што претходно објави МИА, брифираа дека спасениот 30- годишен државјани на Северна Македонија е во релативно добра здравствена состојба.

Градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, за солунскиот информативен портал „Ворија” вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 часа во морето, тој останал жив.

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата, беа и братот и таткото на спасениот, пишуваат медиумите.

Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, 28-годишен македонски државјанин.

Грчките медиуми го објавија видеото од моментот на спасувањето, а новинарката со треперлив и плачлив глас го коментираше моментот.

 

Previous articleАнета Наковcка објави слика од 2006 година, заедно со Јасминка Мукаетова – еве како изгледале пред 16 години (ФОТО)
Next articleФаќаат 20 лежалки рано посабајле и тоа за секој случај – ,,Да не дојде некој наш”, eве со што се соочуваат туристите во Грција