Home News Ване Цветанов преживува драма – го сподели документот за искажување бугарска народност...

Ване Цветанов преживува драма – го сподели документот за искажување бугарска народност (ФОТО)

Ване Цветанов,пред неколку месеци беше сменет од функцијата директор кна Советотза унапредување и надзор на ревизијата.

Ова се случи, откако се испостави дека ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Трифуновска, која е поранешна мис на Македонија, оди секој ден на работа во оваа државна институција, а како што тој тогаш изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК за ангажманот не земала пари туку работи волонтерски и помогнала многу на институцијата.

Деновиве Ване Цветанов на својот профил на социјалните мрежи, објавува дека неговиот наследник, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, заедно со истражните органи му спремаат прогон.

„Дали барем еден од новите Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ нарача РЕВИЗИЈА за работењето на нивните претходници од СДСМ? Дали има кривични пријави? НЕ. Дали открија некаков криминал неговите Градоначалници? НЕ.

А има поединечни сомненија каде некои поранешни Градоначалници од СДСМ дека НЕ СЕ ЧИСТИ.

Еве за миленикот на Бранко Црвенковски, Александар Наумовски од Ѓорче, јас ќе помогнам волонтерски.

Лузерот Александар изгуби катастрофално, за награда ја доби институцијата што ја раководев, за сега да ми монтира политички прогон.

Не ме прими ниту на примопредавање, а влезе во ортаклук со административна мафија со која водев војна за да изградиме НОРМАЛНА ИНСТИТУЦИЈА.

Од функција излегов со кредити од 35.000 евра, половина потрошени за лобирања за државата и Владата, со договорен прием за една година во IFIAR. (Кој го интересира ќе најде на интернет која Светска Организација е тоа).

Со подршка од Оливер Спасовски, Зелена Лупа беше украдена со ФАЛСИФИКАТ! Со 40.000 евра на сметка…

Една година ме оставија без сметководител, за да морам да работам во сива зона. Александар Наумовски наследувајки институција качена на светски колосек, наместо да испие едно кафе со мене, почна да нарачува монтирања на документи….

Сега инспекторите на Оливер ми спремаат апсења, притвори, затвори…

Затоа што се договорени да не се чепкаат помеѓу себе со големите риби.

Но Мицко е јак само на Збор, на дела НУЛА! Па нели беа лопови, како што велеше Мицко… ? И? Ништо… Нема да стане Мицко Премиер НИКОГАШ.

НО БАРЕМ НЕКА НЕ ЛАЖЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СПРАВУВАЛ СО КРИМИНАЛОТ.

(Нека си каже за некој договор за нечепкање едни со други каде што е договорено)

За пусти пари како што вели сам, УШТЕ СЕГА ПРАВИ МАТЕМАТИКИ КАДЕ ДА СЕ КРАДЕ НА ДРЖАВНО НИВО… и ќе потпише се, СЕ ЌЕ ПОТПИШЕ СО БУГАРИЈА, АКО МУ ВЕТАТ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР.

Затоа, ЏАБЕ НАРОДОТ ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТИ! Во прилог имате писмо испратено од мене до еден Сенатор, кој што е шеф на институциите кои подготвуваат црни листи за корупција.

Таму е споменат и Никола Груевски, мој мал придонес за неговото ставање на Црна листа…

Непријатели од СДСМ, повелете да ме уапсите и претворите… го поминав еднаш тоа… дома сум. Ве чекам.“

Денес, Ване Цветанов го сподели документот кој го напишал на 30.06 оваа година, со кој им се обраќа на бугарските власти и им потврдува дека поседува бугарски корени:

„Сум ставал глава во торба за Македонија. Работа за 2 разузнавачки служби е сериозна државничка работа…
А во интерес на Македонија….

Наќе Чулев се тресеше пред мене. И на крај? “Нашите” ми го предадоа досието заради лична политичка пресметка… Лежев притвор 13 месеци за кобајаги шпионажа кон Бугарија, а јас бев чист Македонски агент…

Кој знае англиски, ќе прочита што сум работел во писмото до Сенаторот. Но, Кога треба да бирам помеѓу Бугарија и Србија, ја избирам Бугарија како Братска земја. Така било и со Гоце…

К рвта ја дадов за оваа држава, за сега србоманите да ми го уништуваат животот.

Јавно барам прошка од Бугарските служби што сум работел против нив, но ете не ги мразам Бугарите. Напротив, ги сакам.

Ајде да видиме дали нагонот за освета од минатото е поголем, од визијата за модерна европска иднина….“

Previous articleПејачот Харис Џиновиќ е многу потресен за неговата ќерка, целата драма е во врска со нејзиниот дечко
Next articleCпаcов: Кирил Петков си знае со каков наpод си има pабота во Бугарија, затoа вика потпишете, нема да имате друга шанса