Home Live Петар Грашо емoтивно проговори за раѓањето на својата ќеpка: Мислам дека човек...

Петар Грашо емoтивно проговори за раѓањето на својата ќеpка: Мислам дека човек станува свесен за сè

Регионалната поп-ѕвезда Петар Грашо синоќа настапи во Белград на преполниот сплав Котиер. По неколку години, белградската публика имаше можност да ги слушне некои од најголемите хитови на балканската ѕвезда кои одекнаа покрај брегот на Сава.

Хрватската пејачка Ана Бебиќ пред Петар ја изненади публиката со својот настап и беше поздравена со голем аплауз.

Петар видно весело ги пречека гостите на сплавот Котиер, велејќи дека Белград знае да ужива во музиката и ноќниот живот.

За време на својот настап, тој ја отпеа песната на својот колега Оливер Драгојевиќ и потсети на големите дела кои овој уметник ги имаше во текот на неговата кариера.

Да потсетиме, Петар Грашо неодамна привлече големо внимание поради шпекулациите дека закажал настап на крајот на јули токму на денот на породувањето на неговата сопруга Хана Хуљиќ.

Петар не сакаше да ги рекламира овие коментари, а колку што можеме да видиме решил на секој начин да ја почитува својата публика.

По повод врската на неговата ќерка со Грашо, а се огласи и таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ. Имено, тој призна дека разбира дека се крена прашина поради нивната врска, и откри дали ја поддржува својата ќерка кога е во прашање оваа љубовна романса.

-Петар и Хана имаат слични ставови за претставување на приватниот живот во медиумите, а Петар е и одличен семеен пријател. Ако тие се среќни, и колку што можам да видам дека се, тогаш јас и сопругата Вјекослава сме среќни.

Се надевам дека Петар наскоро ќе намали од ова темпо со настапите, за да завршиме со снимање на песната што го чека. Искрено, се надевав дека по 18 години ќе завршиме ново ЦД, но сега би бил среќен со реализација на песната.

Патем, сите луѓе што влегуваат во нашите животи остануваат во нив, а тоа не е засегнато од агрегатната состојба на нивните односи – рече Тончи.

Долгогодишните соработници и пријатели од неодамна се најдоа и во нова улога, откако ќерката на Хуљиќ, Хана, откри дека очекува дете со Грашо, со кого што започнаа романса пред само неколку месеци.

Откако се заблагодари за наградата, Хуљиќ пред тамошните медиуми раскажа и за очекувањето на приновата во нивното семејство.

-Постојано им викав, ќе ме направите ли вие мене конечно дедо? А кога дојде тој момент, ма фати мала паника. Јас сум човек кој планира на долги патеки. Кога ќе станеш дедо, ќе чекаш да станеш и прадедо – изјави тој.

Да потсетиме, Хана Хуљиќ, жешките летни денови ги поминува во омиленото друштво. Иако не објавува често фотографии на Инстаграм, таа пред некое време сподели моменти со својата пријателка и кума Доменика Жувела.

И таа ги сподели истите фотографии, па моментите кои ги поминуваат на лулашки им биле многу убави спомени.

— Се чувствувам како и секоја друга трудница на светот – се е во ред! – изјави неодамна Хана Хуљиќ Грашо.

Тогаш открила дека времето до породувањето го поминува информирајќи се, постојано гуглајќи некои нови работи и појави, а како што истакнува, воопшто не чувсѕвува стрес.

Се грижи за себе и за сите нас, тој е голем хипохондрик“, изјави убавата трудница за својот сопруг Петар.

Терминот за породување на пејачката Хана Хуљиќ е закажан за крајот на јули, 23 јули, а Петар Грашо токму на тој ден закажа настап.

Петар и Хана избраа име за наследничката, па нивната ќерка ќе се вика Алба.

Алба Грашо треба да се роди на 23 јули, но нејзиниот татко Петар тој ден нема да може да биде во болница. Многумина беа изненадени од гестот на пејачот, со оглед на тоа дека раѓањето на нивната ќерка е најважниот ден за него и за Хана и се очекуваше тој ден да биде со неа.

Сепак, иако многу жени не би му простиле на сопругот за таквата одлука, Хана, која е и пејачка, ги разбира обврските на Петар и открива дека не му држи лутина.

– Секој слободен момент го поминува со нас – изјави Хана за Story.hr.

На роденденската прослава на Нина Бадриќ се појави еден од најпопуларните хрватски пејачи, Петар Грашо и по тој повод проговори за новата животна улога која го очекува во иднина.

— Мислам дека човек станува свесен за сè дури кога ќе го стави тоа мало суштеството во свои раце. Но, еве, накратко ќе кажам – среќен, спремен, чекаме – објасни видно возбудениот Грашо, кој со Хана го очекува своето прво дете.

Previous articleСè што ни се случува во животот е со причина? Еве од каде допливала топката во рацете на Иван
Next articleПеро Камиказа кажа дали има БГ пасош и проговори за оние 130 илјади кои го имаат