Home Live Се омажи Елена Живот со Стил: Познатиот српски пејач ѝ поcвети пeсна...

Се омажи Елена Живот со Стил: Познатиот српски пејач ѝ поcвети пeсна на Cтефановска

Водителката на шоуто „Живот со стил“ , Елена Стефановска е убава жена која својот живот го живее како и насловот на својата емисија, со стил.

Кога славеше роденден, таа рече дека таа роденденска забава и била посебна, а ја поминала со блиски луѓе во пријатен и интимен амбиент, на отмена вечера во еден познат скопски ресторан.

Како роденденска желба, шармантнaта водителка си посака да е среќна и насмеана, и секогаш со позитивен дух. „36-те ми се најубави на свет. Како што напишав, така навистина така и се чувствувам.

Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, изјави тогаш Елена.

„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.

Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“,

изјави водителката за Женски магазин, која во секоја емисија, зборувајќи на различни теми, раскажува за животниот стил на своите гости.

-Мажот не е супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“, додаде таа. Елена е сега во среќна врска со Бојан Најдовски со кој често на социјалните мрежи споделува слики.

Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на Живот со стил, сега за сега, одлично пливам. Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.

Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во hybrid.mk

Елена, се вери за време на новогодишната ноќ, а запросувањето беше неочекувано изненадување за неа бидејќи таа во план имаше да ја прослави Новата Година.

Поточно, тогаш му кажа на Бојан дека ќе се омажи за него, но тие не чекаа долго време и уште веднаш Елена објави на својот профил дека планира да прави свадба ова лето.

Елена Стефановска вчера застана на ,,лудиот” камен и го кажа судбоносното ,,да” на нејзиниот долгодишен вереник Бојан.

Најпрво Елена, минатиот викенд прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На сцадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

,,Фала ти за љубовта”, му напиша Елена на пејачот кој го објави на нејзиното стори.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза. Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавувањето.

Previous articleПеро Камиказа кажа дали има БГ пасош и проговори за оние 130 илјади кои го имаат
Next articleЛамбе објави изненадување: Поcле сè што се cлучи, никој не го очeкуваше овa