Home Live Сè што ни се случува во животот е со причина? Еве од...

Сè што ни се случува во животот е со причина? Еве од каде допливала топката во рацете на Иван

Вчера, по 17 часа потрага, еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и во релативно добра здравствена состојба.

Товарен брод кон пловел под знамето на Гибралтар го лоцирал момчето околу 12 часот, пишуваат грчките медиуми.

Продолжува потрагата по третиот исчезнат човек. Тројца Македонци завчера поладне влегле во морето и ги однела морските стриум.

Веднаш била алармирана крајбрежната стража и почна потрагата. Едното момче на возраст од 25 години беше пронајдено вчера.

30-годишниот Иван, еден од тројцата Македонци кои исчезнаа во Егејското море беше пречекан со аплауз штом стапна на копното.

Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што околу 19 часа се борел со брановите во морската област во Посеиди на Халкидики.

Во неколкуте зборови што ги кажа 30-годишнииот Иван напомена дека неговото спасување е најголемиот подарок за неговиот роденден.

Неговиот татко и брат се нурнаа во неговите прегратки видно олеснети што сагата е завршена, а нивниот најдраг е здрав и здраав, пишува весникот.

„Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr.

Грчките медиуми објавија повеќе детали за топката која му го спаси животот на Иван кој помина 19 часа во вода, држејќи се за неа.

„Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата.

Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни, открива voria.gr. Според нивните сознанија, на оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун.

Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно.

Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!

Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море.

Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот, објави порталот, а пренесува Прототема.

„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо.

Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот додека му помагал кога се уморил.

Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкиа.

Previous articleCпаcов: Кирил Петков си знае со каков наpод си има pабота во Бугарија, затoа вика потпишете, нема да имате друга шанса
Next articleПетар Грашо емoтивно проговори за раѓањето на својата ќеpка: Мислам дека човек станува свесен за сè