Home News Состојбата со вирусот се усложнува – речиси 30 проценти од тестираните се...

Состојбата со вирусот се усложнува – речиси 30 проценти од тестираните се позитивни

Со настапувањето на есента, епидемиолозите очекуваат состојбата со пандемискиот вирус да се усложни, а во групите на социјалните мрежи, граѓаните се интересираат дали треба да примат четврта доза од вакцината, бидејќи, веќе е јасно, вирусот е тука и тој ќе биде сезонски, налик на сезонскиот грип.

Викендов, нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, одговарајќи на прашање во популарната група на социјалните мрежи, Ковид 19 искуства и совети, ги разјасни дилемите на граѓаните дали и кој треба да прими четврта доза вакцина.

-Најдобро би било, веднаш, сега, да можеше да се прими вакцина што штити и од заразување со новите соеви на вирусот!

Арно ама, во моментов не е достапна таква вакцина. Ако за Америка и ЕУ биде одобрена (веројатно) во септември, прашање е кога кај нас ќе стане достапна.

Во таква ситуација, што мислите, подобро ли е ризичните поединци да чекаат да дојде новата вакцина, ризикувајќи да го фатат вирусот (не знаејќи колку силно ќе ги погоди) или сепак, да се вакцинираат со постоечкава вакцина и да си го намалат ризикот да завршат во болница или на гр обишта, ако се случи да се заразат.

Се разбира, може да се прави калкулација со нивото на ризиците за заразување. Факт е дека сѐ уште ризикот за заразување не е висок. Но, бројките растат. За очекување е наесен да бидат повисоки.

Оттаму, според мене (јас за себе така би постапил), можеби е добро ризичните поединци да се причуваат до септември, па дури тогаш да си примат четврта доза (од постоечкиве вакцини), напиша меѓу другото, нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски во популарната група на социјалните мрежи, Ковид 19 искуства и совети.

Но, се чини дека бројките на нови позитивни, почнаа да растат порано од очекуваното.

Во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15.

Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (520), регистрирани се 137 реинфекции. Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6.

Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно поч инато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри поч инати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Поч инатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022.

Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1,

ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.

Previous articleРетка слика од Алачки, со нeјзината најдрага личноcт, криe поcебна приказна во неа (ФОТО)
Next articleВанковска му одговори на Деcкоски зa знамето: Ако дојде некој да ме попита, може да го зашљакам со знамето