Home News Cпаcов: Кирил Петков си знае со каков наpод си има pабота во...

Cпаcов: Кирил Петков си знае со каков наpод си има pабота во Бугарија, затoа вика потпишете, нема да имате друга шанса

Вчера, бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, предлогот на француското претседателство со Европската унија го оцени како исклучително добар кој направил бугарските позиции да станат и европски.

Она што сега се случува во Северна Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментов, но, како што вели, тие тоа треба да го направат ако сакаат да изберат европски пат.

-Во Северна Македонија треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат е единствениот пат за таа држава, вели Петков.

Според него, би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Северна Македонија да остане надвор од него.

Тој даде оценка 5,50 (од максимални 6 н.з.) за делувањето на бугарската дипломатија по прашањето за Северна Македонија.

Ја пофали и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од партијата на Слави Трифунов и неговата надворешно-политичка екипа за работата по ова прашање.

Коментирајќи го неуспехот за формирање нова влада вели дека во Бугарија темата Северна Македонија се користи како магла за одвлекување внимание.

Според Петков, со темата Северна Македoнија се одвлекувало вниманието додека некој се обидувал да земе определени финансиски средства од Агенцијата за патишта и „Автомагистрали“ и да се потрошат огромни пари.

Премиерот во заминување на Бугарија, Кирил Петков, го прокоментира поранешниот амбасадор во Софија, Ѓорѓи Спасов:

„Најнормално, Кирил Петков го препорачува она што го препорачуваат САД и ЕУ.

Тој за разлика од нив, по изгласаната недоверба, и подобро од нас знае со каков народ и со каков состав на народното собрание во Бугарија си имаме работа.

Пораката е, искористете го кренатото вето кое се случи под силен притисок на САД и на ЕУ, бидејќи како што стојат работите овде во Бугарија следна таква прилика наскоро нема да има.

Никој веќе не знае што наскоро ќе се случува во Бугарија и кои политички сили ќе доминираат во идното Собрание.

На протестите кај нас Бугарија се обвинува денес за фа ш и зам и дека ф а ши змот го наметнала како европска вредност а тие во одговор на таквите обвинувања веќе како Русија зборуваат за потребата од “де нац ифи кација”на Македонија.

До таму дојдовме со говорот за “добрососедство”.“, напиша Ѓорѓи Спасов во статус на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleВане Цветанов преживува драма – го сподели документот за искажување бугарска народност (ФОТО)
Next articleСè што ни се случува во животот е со причина? Еве од каде допливала топката во рацете на Иван