Home News Трифун Костовски: Не му дозволив на Гpуевски да биде градоначалник на Скопје...

Трифун Костовски: Не му дозволив на Гpуевски да биде градоначалник на Скопје (ВИДЕО)

Познатиот бизнисмен Трифун Костовски, изминатата недела имаше мега интервју во емисијата „Во Центар“, кај познатиот новинар Васко Ефтов.

Еден дел од разговорот беше посветен на масонеријата, а тука Костовски со гордост зборуваше и го потенцираше фактот дека масонската ложа од Македонија, постигнала голем успех во англиската матица и котирала високо на скалата, поради сложноста на 23-цата членови кои максимално се поддржувале меѓу себе.

Масонеријата е една нова религија, но не во буквална смисла, таа нема свој Бог, туку се заснова на работа и градење, помагање и видна и позитиовна улога во општествениот живот, рече Трифун Костовски.

На прашањето на новинарот Васко Ефтов, дали Костовски бил милијардер, или само милионер, Костовски одговори дека бил милионер, кој ги заработил парите надвор и ги донел во Македонија.

-На пример, еден Љубчо Георгиевски, кажува дека е богат колку средно успешен македонски бизнисмен, а сите знаеме што работел и него до денешен ден влакно од главата не му фали, рече Костовски.

За разлика од него, јас моите пари ги заработив во странство и ги донесов во Македонија, каде патем изгубив преку сто милиони евра, рече Трифун Костовски.

На оваа негова изјава, Трифун Костовски вчера си доби одговор од Љубчо Георгиевски, кој му реплицираше да не се прави многу чесен, бидејќи низ градските кулоари се зборува дека во неговата пропадната банка се правеле матни зделки, во кои  и самиот Костовски имал свое влијание.

Токму околу ова, синоќа во вториот дел од емисијата кај Васко Ефтов, Костовски бурно реагираше кон новинарот, кој го праша каква е неговата одговорност за пропаѓањето на Еуростандард банката.

Костовски во повеќе наврати напоменуваше дека тој бил само претседател на надзорниот одбор на банката и дека банката си имала своја раководна структура, а тој како сопственик не бил запознат со деталите од работењето на банката.

Васко Ефтов му напомена дека како претседател на надзорниот одбор, тој требало да има директен увид во работењето на Управниот одбор на банката и да ги спречи евентуалните нерегуларности.

Исто така, Ефтов го потсети Костовски, дека висока функција во банката извршувал и неговиот син, Коста Костовски, на што Трифун повторно емотивно реагираше, напоменувајќи дека и неговиот син, како и тој самиот бил манипулиран од луѓе во банката во кои имале доверба, а на неговиот син му биле „сервирани“ спремни документи кои тој ги потпишувал, со голема доверба кон оние кои ги подготвиле.

-Васко, јас водам приватна истрага за овој случај, во која се вклучени еминентни имиња од банкарскиот свет и кон крајот на август ќе ги обелоденам резултатите од оваа моја истрага.

На прашањето од новинарот дали се плаши дека ќе заврши на топол оброк три пати на ден, Костовски рече дека не се плаши, бидејќи е чист, а истрагата која се води е лажна.

Трифун Костовски проговори и за политиката, кога тој уживаше голем рејтинг меѓу народот и кога стана градоначалник.

Ги потврди муабетите дека бил кандидат за претседател на Македонија и дека Бранко Црвенковски му ветил дека ќе го кандидира, но бил изненаден кога разбрал дека Бранко самиот се кандидирал.

За поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски прилично самоуверено изјави дека тој уживал голем рејтинг и му кажал на Никола Груевски вака:

-Дури ти и да не ме поддржиш, јас одам! Груевски беше свесен за мојот рејтинг, тој беше паметен и прагматичлен и ме поддржа. Но потоа, тој сакаше да биде градоначаник на Скопје од сенка, нешто што јас не го дозволив, рече Костовски.

Кавгата со ВМРО-ДПМНЕ настана кога јас го сменив Миле Јанакиески од директор на Водовод, кога без мое знаење сакаше да го ребрендира Водовод и да потроши преку 300 илјади евра.

Документите беа регуларни, но тоа тие сакаа да го направат без мое знаење, да ме прескокнат, нешто што јас не го дозволив и се спротивставив на структурата на Никола Груевски, рече Трифун Костовски.

Интервјуто на Трифун Костовски во емисијата „Во Центар“, можете да го погледнете ТУКА

Previous articleЛамбе објави изненадување: Поcле сè што се cлучи, никој не го очeкуваше овa
Next articleРетка слика од Алачки, со нeјзината најдрага личноcт, криe поcебна приказна во неа (ФОТО)