Home News Боки Бургија: Ало „Бихачка“ – голтнав многу кнедли, како „Пpеспански“, но вие...

Боки Бургија: Ало „Бихачка“ – голтнав многу кнедли, како „Пpеспански“, но вие заборавивте кој е нашиот најголем непријател

Статус на Борче Трајковски, поранешен курир во СЈО, писател и човек кој важи за близок до партијата СДСМ:

„Ало Бихачка, дали се разбираме? Сите грешки се обидувам да ви ги прескокнам, се обидувам да замижам пред нив, да се правам Тошо, да ме прават “мајмун“, абе правам се’ затоа што целта ми е иста како вашата, ЕУ и НАТО е македонската перспектива и иднина, ни една друга, ама, патот по кој терате до таму ми е наприроден, несватлив, нечовечки и ептен нелогичен.

И овој сега, ми е нелогичен и на моменти ептен неприфатлив од истата причина заради која ги голтав кнедлите за преспанскиот договор, за промена на името, за мнозинството за промена на Уставот.

Колку и да не ја разбирам дипломатијата, политиката и редица други маани во истите, никогаш нема да можам да разберам, ЗОШТО, и од кои причини, не сакавте да разберете дека оние кои и сега, и во минатото ви опонираат,

ве манипулираат, ве набиваат во “шошка“ ко неисчистена “ПАП-овка“, се најголемите душмани на оваа парче Македонија. Северна или Вардарска, само таа е единственото легално и легитимно парче земја кое се нарекува Македонија.

Земја во која се зборува македонски, земја која има своја и автентична историја, земја која пркосела на сите непријатели за да остане Македонија.

Нема ова парче држава друг непријател освен ДПМНЕ. Од почетокот до сега, оваа Македонија има само еден ДУШМАН, и се нарекува ДПМНЕ.

Еве, и сега, не ми е јасно зошто никој од вас, мислам на владеачките структури после падот на Груевски, намерно не ја искористивте шансата да ја ослободите државата од ова политичко зло.

Ги имавте на дланка сите алатки, а најмоќната се викаше СЈО. Не ми е јасно зошто успеавте да го затворите СЈО, а ДПМНЕ да го оставите во живот на неопределено време. Еве, и после се’ тие ниту наговестуваат реформи.

И понатаму ги водат истите стеруктури, истите апологети, истите партнери, кои длабоко се потонати во криминали, во пљачка на државата која се бори да ја обезбеди иднината во НАТО и ЕУ.

Тие денес протестираат, бараат референдум, манипулираат со јавноста пласирајќи постојано лажни вести, се за еб аваат со сите, и на за еба нција ќе дојдат пак на власт…

Другарице и другови са Бихачког Комитета, ја заебавте марш-рутата на Шарените, го изигравте мкд пучанството исто како со згаснувањето на “Бела чао“ и ОТПОРОТ, а ако почнам да ги барам причините, тоа што ќе испедна на крај, ќе биде фрапантно за сите правдољубиви и прогресивни сили – кому тоа ние сме му верувале. И зошто…?

З ае бете Левици, Десни ќерамиди, Центристички удбашки структури, и Зелени лигави камелеони. Оваа држава нема иднина без елиминација на ваквото ДПМНЕ.

Најлажното патриотско ткиво, збирштина на апаши, и рајскоостровски јебиветри кои од далеку се’ уште ја попрскуваат наивната македонска раја…

Лично, посакувам да успеете и да го пребродите овој момент и да седнете на масата на ЕУ, ама, и ако успеете и ако не успеете, прва внатрешна задача ќе ви биде да ја соочите мкд јавноста со правдата.

Да. И со онаа во која заглавивте, и со онаа во која тие до гуша се заглавени. Итни реформирани, независни судски постапки, стимулирање на обвинителството да прекине да се заебава со спогодби и договори, да ТРЕСНЕ чеканот на правдата.

Само тогаш имаме шанса да го снема овој идиотски плагијат на најлажниот патриотизам, да го снема ДМПНЕ… Ало, Бихачка, дали се рабираме?“

Previous articleЦеце Николова: Не сум во контакт со неа, бидејќи повикот од мајка ми ме вознемирува
Next articleД-р Нико: Почитувани Македонци и браќа Бугари – ајде да се обичаме и сакаме и да ги натераме политичарите на нешто поинакво