Home News Јоци: Денес Данела си окачи камен околу вpат, а не е ни...

Јоци: Денес Данела си окачи камен околу вpат, а не е ни cвесна за тoа

По смената од местото директор на „Комунална хигинеа“ на Зуди Енузи, откако неговиот брат беше вмешан во инцидентот пред Мавровка, денес претпријатието доби нов директор.

Поранешната пратеничка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Косана Мазнева, од денеска е нов директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, информираат од град Скопје.

Таа досега работеше во ЕЛЕМ, но во исто време е избран функционер, односно член на Програмскиот Совет на МРТ, избрана од Собранието на 15 декември 2014 година.

Иако мандатот на овој состав му е истечен пред 3 години, политичките партии не можат да се усогласат за нов состав.

Ако се има предвид Законот за спречување корупција и судир на интереси, кај неа постои кумулација на функции, велат за „360 степени“ извори од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Оттаму, се очекува ДКСК во текот на утрешниот ден да се произнесе за нејзиниот статус. Доколку се утврди неспоивост, односно повреда на член 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, Мазнева ќе биде информирана дека треба да се повлече од една од функции на кои се наоѓа.

Ваквиот избор, го прокоментира поранешната новинарка, а сега политички аналитичар,  Јорданка Ивановска Јоци, според која, ова е една од најголемите грешки на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Ивановска во неколку статуси на својо0т профил на социјалните мрежи, објасни зошто е такво нејзиното мислење.

„Данела Арсовска, денеска, тукушто си окачи камен околу врат.

Ја назначила Косана Мазнева, по проруска стевчова, инфомаксова линија во ,,Комунална хигиена”. Очито Арсовска појма нема кого назначува. Баш убаво!

Сега сите тендери и извештаи ќе завршуваат кај мене, да видиме дали сè е чисто.

Косана можда уште не знае колку е глупа, али затоа ја многу добро знам, хехе…. Ќе видиме колку ќе издржи на функцијава…“

ГРОМ и Стевчо Јакимовски преку #Косана #Мазнева добија свое јавно претпријатие – Комунална хигиена.

ВМРО на Стевчо не му го даде ,,Градски паркинг”, што е една од причините за раскол, па откако Стевчо се најде со Данела на руска шина, си ја избраа Косана ко најнаивна, а најалчна во тоа друштво, со биологија факс, за да потпишува шо и кажат.

Вмровци одамна ја екскомуницираа Мазнева, која е закоравена грујова кукличка или ,,наципудличка” како што своевремено ја нарече Офелија Димковска.

А, на Твитер више ги шетаат по гаќи и Мазнева и Арсовска – која по проруска линија не знае кај тера, фатена под рака со Ивчева, Стевчо, Ленин… И, сеа шо ќе праиме со ѓубрето?, хехе…“

Previous articleСе огласи братот на Мартин – Горан моли за помош и од македонските власти
Next articleСузана Манчиќ се пофали што ѝ купил Гркот: Тоа е всушност куќа вpедна околу 45.000 евра, ништо големо