Home News Се огласи братот на Мартин – Горан моли за помош и од...

Се огласи братот на Мартин – Горан моли за помош и од македонските власти

Трет ден трае потрагата по Мартин, третиот член од друштвото кое влезе во вода викедов во Грција и беше повлечен од морските струи. Неговите двајца другари беа најдени и спасени.

Мајката на Мартин вчаравечер пристигна од Америка во Солун, да се вклучи во потрагата по нејзиниот син. За грчките медиуми изјави дека имаат вера дека Мартин ќе биде пронајден.

„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување.

Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите.

Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и Им благодарам за тоа што го прават. Имаме вера дека ќе го пронајдат“, рече мајката на Мартин за грчките медиуми.

Денес на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и Горан Јовановски, братот на Мартин:

„Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“, порача Горан Јовановски.

Тој побара од македонската Влада и МНР да помогнат и да најдат начин да продолжи потрагата по неговиот брат, која според грчките закони завршува денеска.

„Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден.

Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. “ – напиша Јовановски на Фејсбук, а во објавата се заблагодари на екипата спасувачи од Грција и Генералниот конзулат во Солун.

Мајката на исчезнатиот Мартин утринава пристигна на Халкидики, каде одблизу ќе ја следи потрагата. „Ја напуштив Америка за да дојдам во Грција за да се обидам да го најдам моето дете. Имам голема вознемиреност и исчекување. Имаме вера, изјавила неговата мајка за грчката newsittv.

Претседателот на доброволниот спасувачки тим, Христос Рамос, вели дека утрововременските услови се поповолни за разлика од вчера за темелна потрага во која ќе биде употребен и подводен дрон.

„Денеска времето ни помага, мирно ќе биде до 11:00 па ќе биде добар ден за потрага. Ќе го користиме подводниот дрон. Ќе се потрудиме денеска затоа што утре времето повторно ќе биде лошо.“- Христос Рамос, Претседателот на доброволен спасувачки тим „ОФКАТХ“

Спасените пријатели на Мартин се во добра здравствена состојба. 25 годишниот Васил вчера на заминување од болницата на Халкидики раскажа за кобниот момент кога последен пат го видел својот другар Мартин…

„Го гледав еден час и потоа го изгубив. Незнам што му се случи. Се молам да биде добро. Ќе видиме, помина долго време откако го нема, се молиме да биде добро, надежта никогаш не умира.“- Васил Брезовски

Мартин и неговите двајца пријатели биле на одмор на Халкидики кога во саботата попладне, славејќи го роденденот на нивниот 30-годишен пријател Иван. 25-годишниот Васил, беше спасен уште истиот ден, а Иван 20 часа по исчезнувањето.

Previous articleЕмина Јаховиќ искрено кажа што ја мачи: Како ќе заспиев ако не го слушнев тоа мјау-гласче
Next articleЈоци: Денес Данела си окачи камен околу вpат, а не е ни cвесна за тoа