Home News Спасов: Не разбирам како им успева со лагата за некаква бугаризација, да...

Спасов: Не разбирам како им успева со лагата за некаква бугаризација, да извлечат толку народ на улица

Протестите на кои повикаа опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица се одржуваат веќе втора недела со почеток во 19 часот пред Влада, со кратка пауза во петокот и саботата поради празникот Курбан Бајрам.

Во петокот место вообичаениот марш, се организираа блокади во Скопје кај Владата, како и на патиштата Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Вчера на осмиот ден, граѓаните излегоа на протестот под мотот „Ултиматум, Не благодарам“ и побараа од Владата да го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокирање на стартот на преговорите со Европската Унија.

Граѓаните поддржани од опозициските ВМРО – ДПМНЕ и Левица, со повици за оставка не по 19 часот тргнаа од пред Владата кон министерството за правда а потоа и пред Собранието.

Пред граѓаните присутни на протестот прв се обрати Димитар Атанасовски, кој повика на национално обединување против францускиот предлог со кој се разнебитува Македонија и побара поддршка и протести во сите градови низ државата

Студентот Јован Јанев од Штип порача дека предлогот мора да се отфрли за да се заштити и спаси државата но и идните поколенија.

На крајот од протестот се обрати и потпретседателот на Унијата на Млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Ѓорѓиев, за кого влез во ЕУ може само како Македонци а не асимилирани Бугари и побара поголема поддршка од младите.

Професорот Ѓорѓи Спасов, кој е поранешен амбасадор и поранешен министер во владите на СДСМ, во свој статус на социјалните мрежи, со коментар за протестите.

-Мицковизмот е мутиран вирус на Груевизмот за кој се уште немаме вакцина.

Разбирам да не се задоволни од преговарачката рамка.

Разбирам да се лути на Бугарија. Разбирам да немаат доверба во ЕУ. Разбирам дека се борат за промена на власта и за враќање на изгубените позиции.

Ама не разбирам како им успева со лагата за некаква бугаризација, асимилација и губење на македонскиот јазик кој е веќе меѓународно признаен,

да извлечат толку народ на протести и упорно без срам да ги повторуваат лагите создавајќи атмосфера на пресудна битка во која ако тие не победеле ќе ја немало веќе Македонија.

Зарем ништо не научија граѓаните од сличните протести против албанизација, федерализација и ” продажбата ни името”.А ништо од тоа не се случи.

А секогаш кога тие ја спасувале Македонија страдала. Да има уста сигурно би рекла: “Аман само вие не ме бранете”.

Previous articleСтруите влечат како правосмукалка – постар жител на Каландра објасни зошто треба да се биде внимателен во Посиди
Next articleМајката на Мартин стигна од Америка во Гpција: Ве молам најдете го моето дете