Home Live Анета Молика го покажа својот луксузен дом и порача: Пари има и...

Анета Молика го покажа својот луксузен дом и порача: Пари има и без да ти претечи кафето (ВИДЕО)

За битолска група „Молика“ и познатата пејачка Анета, турнеите преку океанот како и настапите на домашен терен се во константна динамика години наназад.

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

Деновиве повторно се на турнеја во Австралија каде и тоа како се очекувани од нашинците во дијаспората.

Сепак, Мицевска вели дека до успехот не се доаѓа така лесно, а тоа го почувствувале и на сопствен грб.

„Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни.

Понекогаш доаѓаат и моменти кога сум уморна или болна и не можам да пеам, но во ниту еден момент го немам откриено тоа. Се појавувам на бина и професионално и до крај си ја извршувам работата.

Тоа е товарот на нашата професија, но јас не се жалам“, вели Анета за „Убавина и здравје“ и додава дека за пензионирање се уште е рано, бидејќи допрва следуваат нејзините пет минути.

Анета има остварено соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ.

Во август во 2020 година, Џими Мицевски од група „Молика“, доби снаа, односно неговиот син од првиот брак, Марио Мицевски реши да „рипне во тавче“.

Имено, Марио на социјалните мрежи се пофали дека ја побарал раката на неговата партнерка Тина Филиповска. Овој романтичен потег се случи во манастирскиот комплекс Свети Наум во Охрид.

На Фејсбук профилите и на Анета и на Џими е споделено видео од нов објект за веселби кој се вика „Молика“, а според презимињата Мицевски кои се означени на ова видео, станува збор за семеен бизинс на Мицевски, како што се презиваат Анета и Џими.

По кризата која доста ја осетија угостителите, сега свадбите, крштевските, матурските, родендените повторно на големо се слават, а угостителите (заслужено по паузата) тријат раце. Во вистинско време, семејството Мицевски го отвара овој објект кој се наоѓа во Битола, и порачува:

Прекрасната комбинација од вкусна храна и пријатен амбиент нека бидат вашиот избор,а ние ќе се погрижиме вашите најдрагоцени моменти да ги направиме незаборавни. Резервирајте ги вашите свадби, крштевки, родендени, матурски прослави и други фамилијарни забави“.

Всушност, поваа обајава меѓу првите ја има споделено Марио, синот на Џими од Молика од првиот брак, па изгледа дека Марио е младиот газда , а тој и неговото семејство даваат се од себе да го разработат овој бизнис.

Анета на својот Фејсбук профил често објавува фотографии и видеа од настапите или го објавува следниот датум и локација за истите.

Секогаш средена, дотерана и стокмена е спремна да им пее на нашинците од целиот свет, па нејзините слики на Фејсбук се главно од настапите каде што го покажува својот изглед.

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

Во емисијата ,,Тренд лајф” гостуваше пејачката Анета Молика, односно водителката на емисијата гостуваше кај Молика дома, a пејачката се осврна и на тоа дали некогаш правела пластични корекции на себе:

– Сум правела не кријам, сум ја направила и устата тоа се стопи немам ништо, не знам дали ќе направам пак нова, мислам дека природно си е природно.

Сум правела и на брчки и на јаболкници, меѓутоа сето тоа се топи со текот на времето и пак лицето е како што било пред да ја направам интервенцијата. Не сум за трајни силикони и такви нешта, изјави Анета.

Анета го покажа својот лукзузен дом кој и е совршено среден. Од видеото имавме прилика да ја видиме пространата бела кујна во комбинација со црни плочки. Кај Анета дома се’ изгледа многу мазно и елегантно.

Можеше да се види и дел од дневната соба каде што е во кафеав стил и совршено ја има декорирано областа пред троседот и двоседот.

Водителката и рече: ,,Викаат кога ќе ти истече кафе, ненамерно, тоа значело пари. Веруваш во тоа?”

-Не, не верувам во такви работи. Ако има пари, има и без претечено кафе. Ако се работи, ќе има пари.

,,Обожаваш да носиш брендови?”

-Не, добро би ми дошле, меѓутоа не сум толку да кажам, ете, да купам, дали било ташна или чевли, било што. Искрено, да ти кажам, значи со тие пари, што ќе купам ташна, еве да е 1000 евра,

јас ќе купам 20, 30 нека се, и ќе имам да менувам секој ден. И нигде не пишува дали е тоа оригинал или не е оригинал. Не се замарам со тие работи.

Едноставно сакам кога го носам нештото, да биде пријатно на мене. Дали било бренд, или не, не е важно, изјави Анета за Тренд Лајф.

Previous articleСе огласи Иван Георге: Јас, второпронајдениот во морето во Грција, ве замолувам да му помогнеме на семејството на Мартин
Next articleСе огласија од ДОМ и кажаа дали ќе го поддржат францускиот предлог: Билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачки процес