Home News Булеварко: Големи се изгледите на следни избори Левица да направи „партали“ –...

Булеварко: Големи се изгледите на следни избори Левица да направи „партали“ – еве зошто

Популарниот лик од социјалните мрежи, „Приказни од булеварот“, често знае да направи добри анализи за политичките случувања, кои по одреден период времето ги потврдува.

На последните локални избори, тој тврдеше и беше спремен да стави кладба дека Стевчо Јакимовски ќе победи на изборите во Карпош, нешто во што речиси никој не веруваше, поради тоа што големите партии излегоа со соптсвени кандидати.

На крајот, Стевчо Јакимовски во вториот круг, со помош на гласовите од ВМРО-ДПМНЕ победи, а популарниот Булеварко излезе во право.

Сега тој анализира дека на некои следни парламентарни избори, Левица ќе биде најголем добитник. Партијата на Апасиев, полека ја превзема лидерската позиција на протестите против францускиот предлог.

Апасиев на вториот ден од протестите излезе пред медиумите и рече дека се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ ги шитка, па затоа најави дека Левица ќе ја превземе улогата на давање дополнителен импулс на протестите.

Веќе од наредните денови тие се интензивираа, а ВМРО-ДПМНЕ продолжи да биде нивен активен поддржувач.

Ова е анализата на Булеварко:

„Големи се изгледите на наредните избори Левица да напраи партали и да освои најголем број пратеници!

И тек тогаш оваа неправедна Европа кон нас да си го добие она што го заслужува.

Колку и да сум идеолошки на спротивна страна од нив, не може да не се признае дека само тие играат точно ,прецизно, со добро осмислен план како да ја искористат слабоста на сите останати политички чинители во оваа наша држава која ја водеа 30 години.

А згрешено немам. Исто како што не згрешив дека ова со бугарскиот заклучок ќе помине во собрание. Народот не сака да прифаќа сурови вистини и обично тие што ги кажуваат се на отстрел.

Предлогот ќе помине , па ќе имаме избори исто како во Бугарија и таму ќе се деси големата промена на нашата политичка мапа.

Во моментов Македонците почнуваат да се дистанцираат од двете најголеми партии а тоа е процес кој ќе донесе големи промени.

Заедно со двете големи партии кои ќе ослабнат , од картата на постоење ќе бидат избришани многу нивни сателит партии а на сцената ќе излезат нови помали кои ќе бидат сателити на Левица.

Е дури тогаш Европа ќе ја осети својата грешка и сите неправди што и ги сервираше на Македонија, како единствена земја со уникатни услови за припојување кон нив!“

Previous articleЛоша вecт за нашинците во дијаcпората – Визеp откажа или редуцираше летови од и до Македонија
Next articleЕлизабета Пендаровскa издоминира на отворањето на Охридско лето (ФОТО)