Home Live Панчо и Андреј горди објавија слики со познатиот доктор – еве кој...

Панчо и Андреј горди објавија слики со познатиот доктор – еве кој ќе се грижи за нивното здравје (ФОТО)

ПАнчо и Андреј од популарното дуо ДНК, на музиччката сцена егзистираат две децении. Во нивната јубилејна година, тие известија дека државата немала слух да го поддржи нивниот јубилеен концерт:

„ДНК напишаа објава по повод министерството за култура и тоа што тие биле одбоиени на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата:

– Драги наши, оние кои не пратат и следат знаат дека оваа година како ДНК славиме еден (за нас) голем јубилеј од 20 години постоење, кое ќе го прославиме со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”.

Датумот наскоро ќе биде објавен, а до тогаш сакаме да споделиме една информација со вас целокупната јавноста и сите медиуми. Денес, штотуку ја добивме информацијата која воедно е големо разочарување за нас.

Официјално без никаково образложение сме одбиени од страна на министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност.

Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика.

Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третираат Македонски артисти. Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20години.

Ако бенд со 20годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти (скопски саем ), еден анплагд концерт ( универзална сала ) , безброј настапи низ државата и надвор од неа презентирајќи ја државата не множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат.

Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе.

Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи пред се тоа го должиме на нашата публика која не прати изминативе 20години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер која за нас ќе биде една од најбитните денови во нашите животи.

Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која според нас е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА.

Министерство на културата нека ви служи на чест. Се гледаме на концерт. Со почит Панчо и Андреј“, обајавија во февруари ДНК на Фејсбук.“

ДНК денес објавија за нова соработка, овојпат со еден од најпознатите доктори во државата, сопственик на Жан Митрев клиника, д-р Жан Митрев:

„Драги наши, На наше огромно задоволство , чест ни е да ви ја соопштиме соработката со господинот Др. Жан Митрев и ZAN MITREV клинка, која ќе трае во наредните 12 месеци. Знаеме дека најбитно од се е здравјето и дека без здравје нема среќа.

Не за џабе рекле: здрав човек е среќен човек или пак:

Здравиот човек има милион желби, болниот само една, да оздрави. Од срце сме му благодарни на Др. Жан Митрев кои заедно со неговиот тим ќе се грижи за нашето здравје и како што ни кажа на самото потпишување: Деца, вие продолжете да ни правите убава музика, а ја ќе се грижам за вас да бидете здрави и спремни за на сцена.

Секоја минута разговор со успешна личност како што е Др. Жан Митрев е непроценливо богатство. Колку што е добар како доктор кој спасил преку иљадници животи и голем во својата професија, толку е смирен, сталожен и нормален како личност.

За него егото е мисловна именка и сеуште е спремен да учи и да го ислуша секој твој муабет од почеток до крај.

Се гледаме на 3.12 на нашата голема прослава во “Борис Трајковски”, а вие бидете живи и здрави. #20ГодиниДНК #ЖанМитрев

Фото: Стефан Рајхел

Previous articleБратот Горан Јовановски, сподели слика од Мартин од денот на исчезнувањето и замоли да се помогне во истрагата
Next articleЛоша вecт за нашинците во дијаcпората – Визеp откажа или редуцираше летови од и до Македонија