Home News Се огласија од ДОМ и кажаа дали ќе го поддржат францускиот предлог:...

Се огласија од ДОМ и кажаа дали ќе го поддржат францускиот предлог: Билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачки процес

Денес низ скопските улици се одржа десеттиот ден од протестите против францускиот предлог.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи за ТВ24 изјави дека протоколот ќе биде објавен пред да биде ставен потпис на него.

„Ветувам, протоколот ќе го објавиме пред да ставиме потпис“, рече Османи.

Додаде дека јавноста ќе биде информирана, а сега се договараат принципите. Рече дека протоколот не е целосно усогласен и дека тоа е записник од средба која ќе се одржи.

Протестот „Ултиматум – не, благодарам“ утре ќе почне од 12.00 часот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, иако претходно Наум Стоилковски кажа дека тој ќе почне во 13.30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повика граѓаните утре масовно да излезат и уште еднаш да покажат дека се против францускиот предлог.

„Во очи на собраниската расправа за срамниот предлог кој ја бугаризира Македонија ги повикуваме сите граѓани утре (14.07.2022) во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија да излеземе масовно и да протестираме мирно и достоинствено против асимилација и бугаризација на Македонија.

Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени нема да поминат. Власта мора да го отфрли предлогот“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Доцна вечерва, од партијата ДОМ, објавија каков е партискиот став околу францускиот предлог:

„На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ. ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес.

Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.

Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.

ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување.“

Previous articleАнета Молика го покажа својот луксузен дом и порача: Пари има и без да ти претечи кафето (ВИДЕО)
Next articleБитолскиот професор направи пресметка – колку штити втора, колку трета и колку четврта доза