Home News „Ајмо Звиждаљке“ – Жаклина Пешевcка од ВМPО-ДПМНЕ предизвика различни емоции со својата...

„Ајмо Звиждаљке“ – Жаклина Пешевcка од ВМPО-ДПМНЕ предизвика различни емоции со својата порака

Се чини дека во нашата држава е сè испомешано. Па така, партијата СДСМ, која во годините наназад својата главна политичка агенда ја градеше со нападите и етикетирањето на ВМРО дека се Бугараши, сега се залага за решавање на спорот со Бугарија, а од друга страна партијата која беше жесток противник на остатосците на комунизмот и југоносталгијата во Македонија, сега е поблиска до Србија.

Пред неколку години, медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пишуваа за присуството на српски „Канвас“ во Македонија, времето кога се случуваше шарената револуција.

За нивното присуство во Скопје укажува и фактот што има голем број автомобили со белградски регистрации што кружат низ градот во потрага по локации за демонстрации, пишуваше тогаш Телеграф.мк, а пренесе Нет прес.

Активисти од Србија се главни организатори на протестите на опозицијата во Скопје. Тие секојдневно се на чело на колоната на протестите и даваат јасни инструкции, кои останатите мораат да ги следат, пишува порталот.

„Ајмо звиждаљке“, „Идемо јаче“ извикуваа вчера водачите на протестот кој финишира со фрлање боја врз Министерството за култура и врз „Порта Македонија“.

Дека ова никако не може да се нарече спонтан граѓански собир синоќа забележа и екипата на Телеграф.мк.

Организаторите од Србија имаат големо искуство во вакви настани и ја држат ситуацијата под контрола. Станува збор за лица од околу 40 години, кои имаат воспоставено добра соработка со локалните групи.

Како што пишува Телеграф.мк, тие, покрај тоа што учествуваат во протестите, ангажирани се и во пишување на недолични содржини низ центарот на градот.

Вчера се појави и фотографија од центарот на градот каде што до ликот на Мајка Тереза на „чист“ македонски јазик е напишано „Никад више ВМРО“.

За нивното присуство во Скопје укажува и фактот што има голем број автомобили со белградски регистрации што кружат низ градот во потрага по локации за демонстрации.

Поголем од овие активисти учествувале и во протестите во Србија кога по насилен пат беше соборен Слободан Милошевиќ.

Начинот на протестирање е речиси идентичен на оној во Србија, црвени знамиња со стисната тупаница, заштитен знак на движењето „Отпор“, како и постојано повторување на песната „Бела чао“, пишуваше тогаш Телеграф.мк, а пренесуваше Нет прес.

Присуството на вакви „увезени“ демонстранти воопшто не треба да изненадува ако се знае дека СДСМ користи услуги на српска пиар-агенција, а предавања во Македонија редовно држи и Канвас, фирма подружница на Сорос, која е специјализирана за насилни протести.

Денес во Парламентот е денот кога трае расправата по францускиот предлог, а опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ги попречува говорниците од власта со свирчиња и вувузели.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на својот профил на социјалните мрежи, објави слика со коментар: „Ајмо звиждаљке!!“

Покрај коментарите дека треба да користи македонски јазик, Пешевска предизвика и мачнина кај старите ВМРОвци, кои се бореа токму против тоа „Ајмо звиждаљке“!

Previous articleПо информацијата што им напpавиле на кoњите во Зоолошка, се оглаcи Тина Мицковска
Next articleРашела, Мицкоски и останатите ја запеаја „Море сокол пие“ пред Собрание (ВИДЕО)