Home Live Јордан Мијалков, синот на Сашо и актерот Тино станаа баџанаци, ова е...

Јордан Мијалков, синот на Сашо и актерот Тино станаа баџанаци, ова е поврзаноста

Познато е дека Мијалкв е татко на два сина и сопруг на примабалерината Александра Мијалкова. Александра не често ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот, Сашо Мијалков.

Мијалкова пред извесно време беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..

– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.

На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат.

Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава. Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив.

„Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.

,,Треба разбирање, треба хармонија, меѓутоа двајцата треба да работат на тоа за да биде нели успешен бракот“, рече во една прилика Мијалкова.

Со синовите Јордан и Александар таа рече дека има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а изјави и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба. Потоа, таа зборуваше дека Сашо Мијалков е романтичен и често ја изненадува.

– Често ме изненадува, иако не изгледа дека е таков, таква му е професијата. Таква му била професијата. Меѓутоа, надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето“, рече неодамна Мијалкова во „Бекстејџ“.

– Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков, не ѝ е познат на поголемиот дел од јавноста. Единствени податоци за него и фотографии се објавени на неговиот приватен Фејсбук-профил, објави Фокус во една прилика за синот на Мијалков, Јордан.

Но, според информациите со кои располага Фокус, тој студира на еден од престижните универзитети во Монте Карло во Монако, кое се смета за едно од најбогатите места во Европа, познато по гламурот и луксузот.

Младиот Мијалков завршил на Факултетот за менаџмент (бизнис-администрација), а претходно средно образование завршил во приватната гимназија „Нова“.

Пред два месеца, во медиумите се појавија фотографии од роденденска журка во Милано, на која присуствувал и синот на Мијалков.

Мијалкови имаат уште еден син, Александар, а неговиот Фејсбук профил пишува дека живее во Монако, и има завршено на истиот Универзитет како и брат му.

Според сликите и тој мнногу си личи со својот брат, тоест со татко му, а е приврзан со својата мајка затоа што има објавено нивна заедничка слика.

Имено, постариот син на Мијалков, Јордан, живее во Скопје со вереницата, па тие наводно ќе имаат детенце кое ќе им трчка низ куќата.

Иако приватниот живот на Мијалкови е далеку скриен од јавноста, а оваа вест ќе ги израдува домашните, особено дедо Сашо Мијалков кој набрзо ќе го добие првото внуче.

Вчера на големиот празник Павловден, постариот син на Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.

Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан, пишува Женски Магазин.

Како што може да видиме, младата избраничка на синот Јордан изгледа прекрасно. Таа носеше краток бел фустан, изгледаше многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.

Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.

Сестрата на невестата, Александра беше облечена во црвена креација, која изненади многумина со својот фантастичен и несекојдневен изглед.

Фотографиите од свадбената церемонија која се одржа во кругот на најблиските може да ги погледнете ОВДЕ.

Previous articleДафина искина парче хартија и порача: Овој звук ќе ви ги паpа ушите што ги имате (ВИДЕО)
Next articleТалат го искара Димче: Врати се на место Апасиев