Home News Анима Мунди со остра реакција за мисирката пре Собрание: Итно да ја...

Анима Мунди со остра реакција за мисирката пре Собрание: Итно да ја ослободите птицата

Вчера се одржа десеттиот ден од протестите против францускиот предлог, а демонстрантите донесоа птоца пред Собрание.

Синоќа на демонстрациите пред Владата и пред Собранието на Македонија демонстранти донесоа жива мисирка во функција на исмевање на премиерот Димитар Ковачевски, што можеше да се заклучи од повикувањето на мисирката според прекарот на премиерот, во моментите кога таа се симна од покривот на автомобилот каде беше нахранета со „смоки“’ и заталка низ тревата блиску до ѕидот од зградата на Собранието.

Демонстрантите улогата на мисирката ја објаснија како дел од перфомансот во кој таа на моменти беше влечена врзана за автомобилот, а имаше и потпишување на францускиот предлог од страна на три маскирани како безлични лица кои ги симболизираа премиерот, вицепремиерот за европски прашања и министерот за надворешни работи.

За ваквиот потег на демонстрантите, се огласија од Анима Мунди со остра порака и барање:

„Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате бо лка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно.

Мисирката е, исто како и човекот, чувствително и свесно битие, способно за емоции и, наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила.

Анима Мунди го подржува правото на протест и верува во силата на народот, но мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно – човечно – и најостро го осудуваме.

Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на ма че ње на животно.

Бараме од организаторите и сите присутни да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за какви било цели!

Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива“, напиашаа од Анима Мунди на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleПратениците од СДСМ кажаа кој е нивниот услов кој го доставиле до Владата: Овие заклучоци ќе мора да ги почитува и секоја идна Влада
Next articleДафина искина парче хартија и порача: Овој звук ќе ви ги паpа ушите што ги имате (ВИДЕО)