Home News Дафина искина парче хартија и порача: Овој звук ќе ви ги паpа...

Дафина искина парче хартија и порача: Овој звук ќе ви ги паpа ушите што ги имате (ВИДЕО)

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на Фејсбук објави дека пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при обраќањето пред пратениците е јасна – во ревидираниот предлог стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет.

– Јасната порака на Фон дер Лајен: внимателно ги слушав сите грижи искажани во однос на македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа.

Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ. Предлогот го почитува исто така вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас.

Можете да сметате на мене – како Претседател на Европската комисија да осигурам дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди.

Имате успешно мултиетничко општество, стои во објавата на претседателот на Собранието на Фејсбук.

Се огласија од ВМРО-ДПМНЕ, кои во своето соопштение пред малку велат:

-Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски ги тера пратениците од СДСМ и помалите партии од коалицијата да гласаат за предлогот во Собрание, затоа што сака да сподели одговорност со пратениците кои ги гледа само како гласачка машина.

Тоа што власта го става предлогот на дневен ред во Собрание е само театар. Ковачевски, СДСМ и ДУИ немаат 2/3 мнозинство и нема да имаат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени. Овој предлог на Ковачевски е на штета на Македонските интереси, и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат.

СДСМ треба да знае дека што и да прават Уставот не може да го сменат. ВМРО-ДПМНЕ е на линија на националните интереси и нема да дозволи бугаризација по рецептот на Ковачевски.

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот од седницата каде треба да се расправа за францускиот предлог, го искина документот.

Според неа, македонскиот народ не дал и нема да даде легитимитет на овој предлог. Таа побара пауза за да владејачкото мнозинство има можност да се предомисли и да го врати францускиот предлог кај Владата.

„Ниту еден документ нема да има легитимитет и важност дека не го добие најбитниот потпис и печат а тоа е потписот и печатот на македонскиот народ. Зборувајте колку сакате дека сте со ЕУ вредности, јас ќе ви кажам дека овој документ не е тој закон ќе расправаме.

Ќе ви ги пара овој звук на кинење, ушите кои ги немате. Поради тие причини ќе се повикам на пауза, која можеби ќе ве предомисли, за овој документ да го вратите во Владата, а не Владата да ви го подметнува, а вие да давате изим на вакво предавство“, кажа Стојаноска.

Собранискиот спикер, Талат Џафери посочи дека ова е најдемократски што може да се направи.

„Ќе добиете саат време пауза, се надевам не сте се умориле“, додаде Џафери.

Видеото од говорот на Дафина Стојановска, можете да го видите ТУКА

Previous articleАнима Мунди со остра реакција за мисирката пре Собрание: Итно да ја ослободите птицата
Next articleЈордан Мијалков, синот на Сашо и актерот Тино станаа баџанаци, ова е поврзаноста