Home Live Ирена Спировска се опушти, покажа сè што има, ѝ личи – згодна...

Ирена Спировска се опушти, покажа сè што има, ѝ личи – згодна е многу (ФОТО)

Ирена во Женски магазин раскажа како ѝ успева да изгледа толку јако. За неа годините како да стојат, а Ирена на оваа тема изјави:

-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години.

Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции. Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, ни изјави Ирена

Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…

Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност“.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина“, објави skopje24.mk во една прилика.

Тоа што сепак посебно мора да се истакне е нејзината појава. Таа е дефинитивно пример за жена која изгледа прекрасно како однадвор, така и одвнатре. Ирена секако изгледа барем десет години помлада од своите години.

Таа долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот ја врзува љубовта кон спортските активности.

„И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена за својот партнер.

Таа во една прилика зборуваше и својата нова емисија „Везилка“, која ја води со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки. „Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште минатата есен но поради пандемијата беше ставен во мирување.

Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија,

но моравме да чекаме погоден момент за тоа. Во јуни почнавме со подготовките и во јули започнавме со емитување на емисијата во неделен термин со почеток од 12часот.

ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг, па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена.

За неа и за колегите, ова лето било работно и напорно, но како што вели таа, екипата на ВЕЗИЛКА работи со голем ентузијазам и посветеност,

а кога се работи со љубов ништо не е тешко. Токму од снимањето на емисијата, потекнуваат новите слики на Ирена кои се појавија на Фејсбук.

Водителката Спировска во една прилика проговори за нејзината мајка која ја напуштила многу рано:

– Мојата мајка поч ина многу млада, кога имаше само 35 години па за жал големиот дел од спомените се тажни и поврзани со периодот кога таа и нашето семејство се соочуваше со тешката болест.

Не можам да кажам точно во колкава мера сум ги наследила нејзините карактерни особини затоа што не сум имала можност добро да ги осознаам и запаметам на таа возраст, но затоа можам да кажам дека изгледот го имам наследено од неа во целост“

Ирена таму е убава и згодна како и секогаш, и секако доста елегантна, но е во поопуштено издание од обично.

Ирена избега малку од скопските горештини и отиде до Охрид да се олади. Голи нозе, гол грб, а и деколте, покажува Ирена во купаќите кои ги носи, а одлично и стои како и впрочем се што ќе облече.

Previous articleКовачки проба да го пали францускиот ама не му успеа, па го искина
Next articleПо информацијата што им напpавиле на кoњите во Зоолошка, се оглаcи Тина Мицковска