Home Live Лидија Вукичевиќ откри дека конечно си нашла маж кој може да ѝ...

Лидија Вукичевиќ откри дека конечно си нашла маж кој може да ѝ парира: Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина

Актерката Лидија Вукичевиќ е една од најубавите актерки во цела поранешна Југославија, и многумина ќе се сложат дека изгледа исто, а можеби и уште подобро од времето кога ја глумеше Виолета Попадиќ во „Бољи живот“.

Прославената југословенска актерка, која ја памети особено постарата генерација од почетокот на својата кариера, првпат се расплака за време на едно интервју. Таа зборуваше за своите два сина, Андреј и Давид кои важат за големи заводници, а нејзните зборови наидоа на многубројни реакции кај жените.

„Сите мајки нека го слушнат ова“, „Браво Лидија тоа е вистинскиот став“, „Сите живееме во време за една ноќ, но тоа не значи дека не треба да биде шмекер и таа една ноќ“, се некои од коментарите.

Eве што кажа Лидија за воспитување на синовите и нивните односи кон жените, па макар и за една ноќ.

–Треба да започнете да го правите тоа на време, за сега да уживате во нивниот избор, нивната околина. Не можете да воспитувате деца кога ќе почнат да наоѓаат девојки, кога тие ќе започнат да се наоѓаат во друштво.

Доцна е детето да се воспитува во моментот кога ќе го добиете, кога ќе го донесете дома од породилната болница. Верувај ми. Зборувам апсолутно од сопственото искуство.

Син ми Давид, кога беше бебе, кога ќе го исклучев светлото тој почнуваше да плаче, кога ќе го вклучив- престанува. Јас ќе го удрев малку по колената- молчи, не смееш да плачеш. Треба да ја развиете таа комуникација со бебето“, вели Лидија.

–Второ, јас не сум мајката што беше скржава да им се посвети на децата. Мајка ми велеше „Ги влечеш насекаде, како кокошки“. И тоа е вистина, јас ги влечев своите деца насекаде и тие беа секогаш со мене.

Дури и по разводот, никогаш не излегував, моето старо соседство го знае тоа. Јас им се посветив на децата, од нивното раѓање, да имам увид и да знам што може да очекувам од нив.

Сега, секогаш нешто може да се случи,ова или она, може да ги поведе друштвото… . Но, вие сте доживотен супервизор. Без наметнување“, вели актерката.

„За машките деца, мајката не смее да биде некој што се наметнува, бидејќи по природа и биологија на мажите, тие не сакаат да им се наметнуваат, особено не жени. Ова се однесува и на сопругот и на машките деца.

Зборувам за машки деца, затоа што имам машки деца. Отсекогаш сум била присутна во нивните животи, и тие знаат 20 проценти од тоа. Успеав да извлечам од нив сè што беше клучно за нивното растење.

-Првото нешто што ги научив, тие веќе започнаа со некои девојки, и тоа ми беше многу важно – со девојка ако останеш една ноќ, без разлика дали ќе ја најдеш во диско, дали тука или таму, треба да ја однесеш дома и да и платиш такси.

Не можеш да ја оставиш после тоа. И таа е нечие дете. Јас секогаш ги учев да не бидат себични, оние мажи „Јас сум ова, тоа“. Не. Колку што сум јас родител, така е и родител на некој друг.

Јас ги почитувам моите деца, но ги почитувам и другите. Секоја мајка најмногу го сака своето дете, но не треба да биде болна и да ги сака само своите деца, и да не ги разбира другите деца.

Актерката Лидија Вукиќевиќ (58) својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но не крие дека е во среќна емотивна врска.

Имено, таа призна дека ужива во љубовта со десет години помлад сликар од Италија и откри како функционира нивната врска на далечина.

– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не можам да ни здосади, секогаш добро се забавуваме, убаво ни е.

И секогаш кога ќе се видиме како да е првпат. Кога сте постојано заедно, многу работи се разоткриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина.

Навиката ја ,,уби ва” љубовта. Кога мојот партнер ќе стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме.

Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за овој ден и возраст. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде.

Можам да патувам, но се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – изјави Вукичевиќ.

Таа неодамна сподели дека конечно пронашла маж кој може да и парира.

– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен на мене, не верувам дека спротивностите се привлекуваат.

Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој и да се обидел да ме спушти на земја, на крајот бил спуштен, многу пониско од мене – открила актерката.

Previous articleТалат го искара Димче: Врати се на место Апасиев
Next articleУраганките го најавија својот последен наcтап: ,,Ние cме различни карактери,” па открија дали некогаш повторно ќе се спојат