Home News По информацијата што им напpавиле на кoњите во Зоолошка, се оглаcи Тина...

По информацијата што им напpавиле на кoњите во Зоолошка, се оглаcи Тина Мицковска

Во последниве два дена во Зоолошката градина во Скопје ус мртени биле повеќе од 10 коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, пренесе Вистиномер.

Ова го посведочиле барем тројца вработени во Зоолошката, а информацијата ја потврди и директорот, Кристијан Стаменов.

„Вистиномер“ дојде и до една од фотографиите на кои се гледа к рв на асфалтот во Зоолошката градина како последица на ус мр тувањето на животните.

Вработени во оваа институција реагираат дека досега не се случувало да бидат ус мр тувани коњи среде Зоолошка градина, туку храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

За начинот на кој коњите стигнале во Зоолошката градина, има различни изјави. Директорот на Зоолошката градина, Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, вели дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина.

Оттаму, се поставува прашањето дали животните на законски и легитимен начин биле донесени во Зоолошката градина, за потоа да бидат ус мрт ени.

Ние имаме можност за економско искористување на животните. Овие животни ни ги даде Агенцијата за одземен имот и станува збор за животни кои не се за употреба.

Тие неколку што се здрави, можат да бидат експонат, но другите имаа рани и повреди. Ангажиравме посебно човек, кој ги ус мрти животните, имаме таква законска можност. Ни дадоа 16 животни.

Знам дека на никој не му е мило за ова, но ние имаме месојадни животни и штом ни се дадени, наше е да процениме дали можат да бидат изложбен експонат или не, вели Стаменов за „Вистиномер“.

По повод оваа вест, на својот профил на социјалните мрежѓи, се огласи Тина Мицксвска, портпарол и човек кој е своевидно заштитно лице на скопската Зоолошка, во годините наназад, кога оваа институција бележеше завидни резултати:

„Како искрен љубител на животните и човек кој се бори за секој еден живот да биде спасен, се скршив кога дознав за ова.

Моите солзи нема да ги вратат изгубените животи на коњите, за кои не знаев дека воопшто биле донесени во зоолошката градина, а камоли па дека им се случило најлошото, односно тоа се криело од мене.

Токму за да не се случуваат вакви работи, здруженијата пред неколку месеци побараа да бидам заменик директор, но иако тоа беше јавно објавено од градот Скопје и на медиумите, јас никогаш не бев поставена на таа позиција, напротив- рацете ми беа врзани.

Ова го пишувам како обичен вработен и пред се како активист и душава не ми дава да премолчам на ова што го дознав денес и тоа од новинари кои се јавија за изјава.

Јас ќе продолжам за секое едно животно да се борам“, напиша Тина Мицковска на својот профил на социјалните мрежи.

Инаку, скопската Зоолошка градина е под ингеренции на Градот Скопје, со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска, која е на дневна основа критикувана за нејзините потези со раководењето со институциите под нејзина надлежност.

Previous articleИрена Спировска се опушти, покажа сè што има, ѝ личи – згодна е многу (ФОТО)
Next article„Ајмо Звиждаљке“ – Жаклина Пешевcка од ВМPО-ДПМНЕ предизвика различни емоции со својата порака