Home News Рашела, Мицкоски и останатите ја запеаја „Море сокол пие“ пред Собрание (ВИДЕО)

Рашела, Мицкоски и останатите ја запеаја „Море сокол пие“ пред Собрание (ВИДЕО)

Денес се одржа седница на Парламентот, на чиј дневен ред беше точката за францускиот предлог.

На првиот ден, опозицијата приреди сцена несвојствена за Парламентот. Со звукците на вувузелите и свирчињата го заглуши говорот на премиерот во Собранието.

Опозицијата не дозволи јавноста да чуе, зошто владата и мнозинството пратеници одлучија да го прифатат францускиот предлог.

Говорот подоцна беше испратен до медиумите, а она што не беше можно да се чуе од говорницата е пораката што Ковачевски ја испрати до пратениците, од кои побара да го прифатат документот, со кој, како што рече, треба да се откочи евроинтеграцијата.

Пратениците од власта му аплаудираа, а опозицијата го испрати и него и министрите Османи и Маричиќ со свирежи, нарекувајќи ги „ предавници„.

Истото се случуваше и за време на репликите од пратениците од власта.

За ова однесување, реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ ги повторија ставовите дека со ова се врши бугаризација на Македонија, дека нема никакви гаранции за идентитетот и дека нема да дадат поддршка за двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

На крај од говорот, Ковачев се обиде да го запали францускиот предлог, но не му палеше запалката, па го искина. Истото го правеа и сите други говорници од опозицијата.

Реагираа и дека, обезбедувањето во Собранието е прекубројно и непотребно наоружано, но собранискиот спикер рече дека тоа е така поради присуството на премиерот и министрите.

Се расправа за заклучоците кои владејачкото мнозинство ги предложи, а со нив, владата се задолжува да се придржува кон безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

По завршувањето на рсправата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција излегоа пред Парламентот, како што пренесе пратеникот Миле Левков, да бидат со народот.

Сепак, може да се забележи дека народ нема, или го има во многу мал број. Како и да е, пратениците си честитаа со лидерот Христијан Мицкоски за нивниот настап во Парламентот, а потоа сите заедно ја запеаја „Море сокол пие“

Previous article„Ајмо Звиждаљке“ – Жаклина Пешевcка од ВМPО-ДПМНЕ предизвика различни емоции со својата порака
Next articleБранко Героски до Ковачевски: Премиере, вие cте Македонец по потекло, не по раѓање