Home News Талат го искара Димче: Врати се на место Апасиев

Талат го искара Димче: Врати се на место Апасиев

СДСМ преку соопштение порача дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание ги разбила лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.“

“Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.“

Со овие јасни и недвосмислени изјави претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев, сметаат од СДСМ.

„Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат“, велат од партијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук објави дека пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при обраќањето пред пратениците е јасна – во ревидираниот предлог стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет.

„Јасната порака на Фон дер Лајен: внимателно ги слушав сите грижи искажани во однос на македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ.

Предлогот го почитува исто така вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас.

Можете да сметате на мене – како претседател на Европската комисија да осигурам дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество“, стои во објавата на претседателот на Собранието на Фејсбук.

При денешното обраќање на Урсула Фон Дер Лајен, пратеникот од Левица, Димитир Апасиев свиреше со свирче, обидувајќи се да го прекина говорот на претседателката на Европската комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен и остави транспарент со наслов „Македонија вели НЕ“.

Но, овој момент не е забележан на снимката, а од партијата велат дека МТВ ги свртела камерите и го цензурирала потегот на пратеникот.

На видеото од Клан Македонија се гледа како Апасиев и неговиот сопартиец Борислав Крмов се приближуваат до говорницата на Фон дер Лајен, го оставаат транспарентот и заминуваат од седницата. Левица е против францускиот предлог.

Притоа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, му вели на пратеникот и лидер на Левица: „Врати се на место Апасиев“, по што овој, заедно со својот колега Крмов, ја напушта салата.

Видеото од овој момент, можете да го видите ТУКА

Previous articleЈордан Мијалков, синот на Сашо и актерот Тино станаа баџанаци, ова е поврзаноста
Next articleЛидија Вукичевиќ откри дека конечно си нашла маж кој може да ѝ парира: Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина