Home Live Туpунџиева раcкажа кој најмногу ѝ помoгнал кога ѝ било тешко: Кога ја...

Туpунџиева раcкажа кој најмногу ѝ помoгнал кога ѝ било тешко: Кога ја изгубив вербата, ми даде од нејзината (ФОТО)

„ Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта,

добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, се желбите кои Турунџиева им ги посака на Лора и на Филип кога одлучија да се венчаат.

„На сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг.

Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, изјави Александар Маленко, таткото на Лора, за Женски магазин по свадбата. Турунџиева неодамна рече дека по избор на ќерката, тој не бил поканет на свадбата.

Еден месец подоцна, на ваше барање, споделувам еден дел од драгите фотографии, направени за време на снимањето на спотот“, напиша пред некое време Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил.

Тоа се однесува на спотот за песната „Од Бекирлија до Битола“ во дует со Атиџе Муратова, кој таа го напиша.

„Уште еднаш му благодарам на универзумот што беше толку голем и дарежлив, па ни го отвори патот да соработуваме со прекрасни луѓе“, рече Сузана и сподели слики.

Во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекрилија до Битола“.

– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме.

Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотични места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име.

Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе„, рече Сузана.

Таа е многу врзана за својата мајка, па ѝ упати една убава порака на Фејсбук:

.Кога ја изгуби волјата, и дадов од мојата… Кога ја изгубив вербата, ми даде од нејзината…

Кога и двете ја имавме изгубено радоста, силата и смислата на животот, Бог ни даде од неговата…

Не знам дали повеќе пати таа ми беше мајка на мене, или јас на неа, ама она што непогрешливо знам е дека сум го добила највредното искуство и благослов…

Не можете ни да замислите колку е бесценето да живееш покрај неа, која верува во мене толку, што поради неа никогаш не потклекнав на бурите, само за да ја оправдам нејзината верба.

Мојот страв, да не и се случи нешто, ме научи на МОЛИТВА. Мојата желба да живее подобро, ме научи на АКЦИЈА.

Мојот стремеж, да и биде полесно, ме научи на заеднички живот со неа… Мојата способност, да ја држам секогаш гордо главата исправена, ја научив од неа – од мајка ми Блага. Фала ти животе.

Previous articleПозната водителка: Аркан не се ожени со кучка што го бркаше, туку со Цеца Ражнатовиќ која е име, презиме и бренд
Next articleКовачки проба да го пали францускиот ама не му успеа, па го искина