Home News Бојан Стојановски до Павле Трајанов: Не може и вака и така да...

Бојан Стојановски до Павле Трајанов: Не може и вака и така да играте слалом во Собрание – изјаснете се

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов на седницата на која се расправа за францускиот предлог ги образложи предлог заклучоците кои ги изготви тој, а се сублимат како што рече од заклучоците на Владата и на опозицијата дополнети со конкретни ставови, пренесува мкд.мк

Потоа Павле Трајанов беше изложен на барање на повеќемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои инсистираа да се изјасни јасно и гласно дали е за или против францускиот предлог. Трајанов рече дека нема да прифати менување на Уставот без реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија.

Павле Трајанов во својата дискусија рече дека е добро што досега во расправата за францускиот предлог се вклучија и експерти и медиуми и граѓаните, па и демонстрантите, како што рече, тоа е добро за демократијата.

„Заложбата за ЕУ е континуитет од 1991 година. Но тој пат е тежок, Македонија направи бројни отстапки поради блокадите. Имавме и внатрешни проблеми кои се одразуваа на евро-процесот. Сепак, Македонија беше добар пример на Балканот поради својата политика”, рече Трајанов.

Ние како Демократски сојуз ја поддржуваме Македонија да влезе во ЕУ, како што се залагавме и за НАТО. Но процесот го блокираше Грција, потоа Франција, а сега тоа го прави Бугарија, поради која земја процесот стана навистина многу сложен, додаде Трајанов.

„Имаше обиди преку парламентарната група да се предложат заклучоци, ако имаше чувство на одговорност можеа од неколкуте предлози да се изработат подобри заклучоци.

Сакам да прочитам предлог-заклучоци на Демократскиот сојуз. Некои од нив се поклопуваат со заложбите на СДСМ, а други со тие на ВМРО-ДПМНЕ”, рече Трајанов.

ДС ја охрабрува Владата да продолжи со преговорите со ЕУ, но да се вградат европските и копенхашките принципи. Владата да се држи до зачувување на особености на македонкиот народ, нешто за што не се преговара.

Преговорите да се водат согласно резолуцијата на Собранието од минатата година. Конечно, се задолжува Владата преговарачката рамка, заедничкиот став на ЕУ, Советот на ЕУ да се задолжи предлогот да се корегира.

При почетокот на преговорите, бидејќи е извесно документите да се преведуваат на македонски јазик, тоа не е спорно, но инсистираме на тоа дека македонскиот јазик мора да се почитува.

Затоа да се додаде став дека со приемнот на Македонија во ЕУ македонскиот јазик станува официјален јазик на ЕУ без никакви додавки или еднострани огради, нагласи Трајанов.

Тој нагласи дека треба да се избришат „годишните прегледи”, па додаде дека како што рече претседателката на ЕК, нема да се преговара за историските и идентитески прашања, кои ги има во рамката за преговори.

Трајанов потенцира дека треба да постои една, прва меѓувладина конференција, а не втора условена од отворањето на македонскиот Устав.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ реплицира дека заклучоците на Демократски сојуз навистина се разликуваат од тие на СДСМ, но додаде дека сигурно нема да бидат прифатени.

„Ова се времиња кога секој од нас треба да прикаже дефиниран став, дали е за или е против. Господине Трајанов, треба да се изјасните, затоа што за прифаќање за францускиот предлог се доволни 41 пратгеник.

Знаете дека и со вас и без вас власта има доволно гласови. Не може да играте и вака и така, треба да се изјасните, а не да си игра слалом во Собранието. Вашиот став го чека и македонската јавност”, рече Стојаноски.

Целиот текст прочитајте го на мкд.мк

Previous articleБранко Героски до Ковачевски: Премиере, вие cте Македонец по потекло, не по раѓање
Next articleCтаменов откри каде завршила жирафата во време на претходниот диpектор