Home News Бранко Героски до Ковачевски: Премиере, вие cте Македонец по потекло, не по...

Бранко Героски до Ковачевски: Премиере, вие cте Македонец по потекло, не по раѓање

Вчера премиерот Димитар Ковачевски имаше свое обраќање во Парламентот, во кое меѓу другото рече:

„…Почитувани граѓани, Јас, Димитар Ковачевски, сум Македонец од раѓање.

Знам една работа. Ниту една хартија не може да ми го одземе или намали мојот идентитет, јазик и историја, кои ме прават Македонец и за кои имам света обврска да ги почитувам и зајакнам. Немам дилема по ниту еден основ и прашања.

И знам дека со паметен пристап, со продолжување на европскиот пат, можам да станам само поголем, подостоинствен и рамноправен Македонец, граѓанин на Република Северна Македонија и граѓанин на Европската Унија.

Јас цврсто планирам, како и досега да останам да живеам во неа. И да помогнам, и како граѓанин, но и да ја исполнам мојата обврска и одговорност како политичар, државата да биде заедничка, успешна и подобра за сите граѓани.

Со прифаќањето на европскиот предлог, Преговарачката рамка и заклучоците на Собранието, остануваме на единствениот пат, за кој повеќе од 30 години, никој не понуди алтернатива. Многу значајно, почнуваме забрзано да се движиме и да ја менуваме државата, преку процесот на преговори.

Во исто време, целосно ја разбирам загриженоста на граѓаните. Токму затоа, сакам да потенцирам дека најважно од се, се обврзуваме дека никој не смее, нема право и нема да преговара за македонскиот јазик, посебниот историски, културен идентитет и засебност, во било кое време и за било која причина.

Јасна, цврста и непроменлива обврска. Повторувам, за секого, во било кое време. Точка.

На крајот, почитувани граѓани и пратеници, јасно е дека овој процес не завршува денес или утре. Како што не започна денес, туку во 1991-та година со плебисцит на сите граѓани.

Ова не е мој личен процес или на една партија. Ова е процес на сите партии, и вчера, и денес и утре.

Обврската за заштита на македонскиот историски јазичен и национален идентитет останува и за иднината, кога други ќе го продолжат процесот, до самиот крај.

Како што тоа го барате сега од мене, и јас тоа убедено го правам, така и јас и другите ќе го бараме истото од следните генерации политичари.

Затоа, со цврста убеденост, со чиста совест и полно срце, предлагам да го прифатиме предлогот и да продолжиме напред, со заштитено минато, со извесна и стабилна сегашност во конечно подобра иднина…“

На профилот на премиерот Ковачевски, каде тој го објави стенограмот од неговото обраќање, му прокоментира новинарот Бранко Героски:

„Премиере, со должна почит кон вас, сакам да ви кажам дека ако навистина сте Македонец, а јас немам никакви дилеми дека е така, тогаш сте Македонец по потекло, а не од раѓање, како што велите. Ако сте Македонец, имате македонски корени.

Е тоа Бугарија ви го оспорува, за тоа преговарате и ќе ореговарате со Софија, а ЕУ ќе го оценува напредокот во преговорите. Софија нема проблем вие да си бидете Макесонец од раѓање, но не признава дека вашите предци биле Македонци.

Тоа што Париз и Брисел ја прифатиле дебатата за тој дискурс на Софија е чин без преседан и голем срам за Европската Унија.“

Previous articleРашела, Мицкоски и останатите ја запеаја „Море сокол пие“ пред Собрание (ВИДЕО)
Next articleБојан Стојановски до Павле Трајанов: Не може и вака и така да играте слалом во Собрание – изјаснете се