Home Live Скришно од жена му направил ДНК тест, бидејќи се посомневал дали е...

Скришно од жена му направил ДНК тест, бидејќи се посомневал дали е детето негово

Многу семејства не можат да имаат деца, па се одлучуваат за специјални процедури или посвојување.

Но, не се ретки и индивидуални одлуки на жени, без знаење на својот сопруг, а после неколкугодишни обиди, да забременат со друг партнер.

Ова последното е нефер однос кон мажот, особено ако веднаш не му се каже и со години живее во илузија дека е татко…

Подолу можете да прочитате една неверојатна исповед која ја превзедовме од социјалнта мрежа Редит.

Еден маж кој сакаше да остане анонимен, се пожали за својот брак. Имено, тој после 3 години се посомневал дека ќерката не е негова и дека жена му го изневерила. Потоа го опишал целиот настан и како постапил со оглед на целата ситуација.

“Имам ќерка со жена ми веќе три години, ама веќе немам. Се запознавме случајно преку заеднички пријатели и се забавувавме речиси една година кога ми соопшти дека е бремена.

Тогаш воопшто не се ни посомневав дека детето не е мое. Јас не планирав да се женам, сметав дека уште ми е рано, но јас сум чесен човек и не сакав да ја оставам на цедило. Освен тоа многу ја засакав.

Така ја побарав за жена и набрзина ја организиравме свадбата, зошто веќе беше навлезена во четврти месец. Се роди ќерка ми и јас бев најсреќниот човек во светот.

На сите мои пријатели им велев дека попусто сум се мислел и дека сум го направил вистинскиот чекор. Не можев да им ја опишам мојата среќа.

Девојчето многу го сакам и за цело време овие три години јас се грижам за неа најмногу што можам.

Но, со текот на времето почнав да забележувам чудни работи и сфатив дека девојчето не личи воопшто на мене, ниту на неа, ниту на некој од нашите поблиски или подалечни роднини.

Се посоветував со сестра ми која е медицинско лице и во тајност направив ДНК тест. Изненадувањето можете да го замислите кога прочитав дека навистина не е моја. Јас се сомневав, ама цело време си велев дека тоа е само плод на мојата фантазија.

Пред една недела и кажав на жена ми дека знам сè и и’ побарав развод. Врескаше, ме удираше, негираше, велеше дека тоа не е вистина, дека сум луд, дека измислувам…

Успеав да се воздржам и останав мирен и прибран за цело време додека таа глумеше хис тер-ија, па на крај и реков дека имам докази и дека попусто негира. Уште и реков дека ако ми признае, јас сум подготвен да и простам, но ако вака продолжи со лаги дека е дефинитивно готово помеѓу нас.

На крај ми призна дека ме изневерила, ама според неа тоа не било ништо страшно затоа што се случило само еднаш.

Секако дека јас не и простив, ниту можам да и простам. И реков да го земе детето и да оди кај нејзините неколку денови за да ја изладам главата и да размислам.

Само што замина таа ја променив бравата. Морав така да и речам инако немаше да сака да си замине од овде. Не планирам да и простам и нема тука што да се размислува, со нас е готово, без разлика дали ме изневерила пред брак или после брак, таа ми подметнала и туѓо дете за кое се радував како за свое.

Многу ми е жал за детето, не можам да ви опишам колку ми е жал за тоа дете, многу го засакав. Ќе треба и на него полека да заборавам.

Навистина ми е жал, но јас не сум татко на тоа дете и повеќе не е моја одговорност. Мојата наскоро бивша жена нека му се јави на биолошкиот татко на девојчето и нека бара од него помош.

Самата себеси си ископа дупка и ни ги уништи на сите животите, и мојот и на детето”.

Во коментарите сите го поддржаа овој маж поради својата одлука.

Previous articleСрби го подржаа Боки 13: Те памтам, секогаш позитивно ме смееше, ти посакувам да издржиш до крај
Next articleAндријана Петрушовска ,,влезе” во најтесното бикини и ја разбуди имагинацијата (ФОТО)