Home Live Срби го подржаа Боки 13: Те памтам, секогаш позитивно ме смееше, ти...

Срби го подржаа Боки 13: Те памтам, секогаш позитивно ме смееше, ти посакувам да издржиш до крај

Македонскиот шоумен Боки 13, кој пред неколку месеци беше осу ден за прон евера на пари во проектот „Европски центар за возрасни“, беше познат по својот „живот на висока нога“ живот пред да биде осуден.

На социјалните мрежи често се фалеше со скапи автомобили и брендирана облека, но секако најголемо внимание секогаш привлекуваа фотографиите од неговиот луксузен дом. Во неговата вила се е уредено со стил, од бојата на ѕидовите преку мебелот до бројните уметнички слики и скулптури.

Бојан избра црни ѕидови во комбинација со златни детали и мебел во природни бои.

Она што е забележливо на фотографиите кои ги објави е дека ѕидовите на вилата се украсени со различни уметнички дела, што покажува дека Боки бил вљубеник во уметноста“, стои во текстот на Нова.

Пред неколку месеци, во периодот на осудување на Боки 13, администраторот кој го води неговиот профил објави текст кој лично се обраќа Боки:

,,Кога ме прит ворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ…

како небаре да сум мр тов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле… Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел

(а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) ,

четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во “нормалниот” свет,

а потоа се наслудуваа на мојата ситуација велејќи “убаво му направија, малку му е” е на таквите полтрони им посакувам истото мое “убаво” да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво…

Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација!

Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата бор ба, со Божја волја и помош а не со нивна!

За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка,

но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека сеуште имало и по некој човек….Фала ви од се срце!!!

Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам.

Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!”

Објавено од администратор на профилот на Бојан Јовановски

Во коментарите, Боки добиваше неизмерна подршка од многу Македонци, но и од Срби кои што го запамтиле неговиот лик во серијалот ,,Големиот Брат”.

,,Те памтам од Големиот Брат. Секогаш позитивно си ме смеел. Ти ја посакувам целата среќа од срце и да издржиш до крај… Поздрав”, му напиша една Србинка во коментар.

Во коментарите имаше и такви кои му укажаа на добар совет: ,,Мислам дека се увери кои ти биле пријатели, биди над нив и опрости им, ама никогаш немој да дозволиш, да ти се повторно пријатели, тоа е нивна КАЗНА”

Previous articleСпасов: Бугарското ВМРО ја обвинува бугарската Влада за предавство, нашето ВМРО нашата Влада – на кого да веруваме?
Next articleСкришно од жена му направил ДНК тест, бидејќи се посомневал дали е детето негово