Home Live Aдријана Алачки ѝ честиташе роденден на жената која ја нарекува МАЈКА (ФОТО)

Aдријана Алачки ѝ честиташе роденден на жената која ја нарекува МАЈКА (ФОТО)

Нема кој ја нема гледано Алачки која готви во кумановското Етно село, и по секој рецепт завршува со нејзиното познато мх,мх.

Рецептите на Адријана ги имаат пробано луѓе ширум светот, таа емисиите ги снимаше речиси на сите континенти.

– 6 јуни, 2011 година се емитуваше првата емисија Вкусот на традицијата на Алфа Тв. Денес ни е и Вам и на нас роденден.

Ви благодарам што токму поради Вас постоиме и Вие сте заслужни за овој јубилеј. Благодарам на сите верни соработници, организации на жени, благодарам на Етно село Тимчевски“, напиша таа на Фејсбук на овој датум.

Таа отворено зборува и за својот природен изглед и за тоа дека со години наназад вежба јога која ја прави така смирена.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена.

Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика. Ако го миете лицето, а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието.

Здрав и стабилен ум, дава отсјај на лицето. Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања.

Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето. Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице“, вели Адријана.

Познато е дека Алачки својата кариера ја запона во дует со Ирена Спасовска, и кога дуото престана да постои многуина мислеа дека двете пејачки се скарани. Во една прилика Ирена ја раскажа новната приказна.

-Адријана сакаше да има второ дете и затоа реши да направи пауза, а јас сакав да продолжам, јас сум голем професионалец. Ние не сме се скарале, само секоја продолжи по својот пат“, рече Спасовска.

Пред неколку месеци, токму Ирена беше гостика во емисијата „Вкусот на традицијата“ и со тоа ги поби гласините дека се скарани со Адријана, откако готвеа заеднички.

Но, Адријана е пријателка со уште една друга Ирена, а тоа е водителката Ирена Спировска која е на истата Тв фреквенција, ТВ Алфа.

Адријана објави слика со своите пријатели, Баже и Ирена, дотерани и стокмени како да снимаат новогодишна емисија. Сликани се во ТВ „Алфа“, каде што Ирена работи, а истата телевизија ја емитува и емисијата на Адријана.

Под нив стои написот „Везилка“, која веќе почна да се емитува , а ги промовира македонските градови, македонските специјалитети и нашата убава музика.

Адријана, кога се појави на сцената со Ирена Спасовска беа препознатливи по тоа што беа слично облечени, во фустани со интересен дизајн.

Адријана пред некое време наполни 54 години и својот роденден го прославила во еден од најдобрите хотели во Скопје, Аустриан Палас.

На забавата биле нејзините деца, внуката, зетот и најблиските пријатели, а таа по овој повод објавила:

– Драги мои фејсбук пријатели, Ви благодарам од се срце за преубавите честитки за мојот роденден, ми го направивте денот прекрасен.

Останете здрави, живи и радосни! Роденденот го прославив во кругот на моите најблиски во хотелот Аустриан Палас!“

Родителите на Адријана Алачки се упокоени, но денес за Адријана е важен ден бидејќи е роденден на Македонка Иванова, жената која Адријана ја нарече МАЈКА!

Очигледно е дека се многу блиски, штом познатата водителка на ваков начин ја ословува во статусот.

,,На мојата мајка Донче Среќен роденден, да си ми здрава и жива, реткост е жена, лавица како тебе…”, напиша Алачки на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Previous articleНаша позната новинарка: Има ли некој во оваа земја кој на меcто си ја извршува работата за која е платен?
Next articleГоран Милевски објасни дали ЛДП, ДС и ДОМ треба да ја напуштат Владата и за што се гласаше денес во Собранието