Home News Боки Бургија: За нив јас cум свртел стpана, за мене тие свртеле...

Боки Бургија: За нив јас cум свртел стpана, за мене тие свртеле – пријатели престанаа да ме “сакаат“ поради политика

Исто како и завчера, и вчера, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ,со силни свирежи ги проследуваа говорите и репликите од пратениците на СДСМ.

Се случи и инцидент, кошкање и пцости меѓу Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ, зашто првиот го опцул вториот. Ги раздвои Горан Мисовски, потпретседател на Собранието.

Претходно се скараа претседателот Талат Џафери и Апасиев, еден на друг забележувајќи дека си се обраќаат со заканувачки показалец.

Но не се само пратениците. Социјалните мрежи се преполни со коментари кои се спротивставуваат еден на друг, пријатели и роднини се закаруваат и доаѓаат до ситуација, поради политика, во иднина да ја прекинат меѓусебната комуникација.

Токму за ваквите случувања, во свој статус на социјалните мрежи коментира популарниот Борче Трајковски, алијас Боки Бургија:

„Имам многу пријатели со кои не делам исти ставови кога политиката е во прашање.

Да, станува збор за пријатели со кои седнувам на маса, муабетиме, си одиме на посети, на гости, се смееме, се дружиме. И тоа трае со години.

Тие знаат какви ставови застапувам јавно во врска со политиката, јас знам дека тие ставови се различни од нивните.

Феноменот на овие долгогодишни пријателства е сместен во спектаклот дека никогаш не дисктиураме за политика кога сме на заедничка маса, или, ако се начне таква тема, тогаш се’ се тера на мајтап.

Но, намерно ги избегнуваме таквите теми во тие дружби. И да ви кажам право, во таквите седенки, нема лицемерие, нема разлики, нема расправии. Ги почитувам сите, ме почитуваат сите, и затоа траат…

Не ми е жал за сите стекнати нови пријателства кои се оттргнале од директните дружби, намерно ги одбегнуваат, се лутат, се чувствуваат навредени, (види мајката), и почнуваат да те мразат и да те озборуваат, само заради тоа што немаме исти политички ставови.

За нив јас сум свртел страна, за мене тие го направиле тоа што го мислеле или во што верувале и промениле страна. Немаме веќе исти ставови. Нив им пречи мојата промена, мене нивната ИЧ.

Тука немало искреност, немало пријателство, немало ништо. Тие престануваат да ме “сакаат“, а јас ги сакам сите, без заебанција, еве, живми мајка…

На крајот од ноќва, (преку таквоето ми е она “на крајот од денот“), ќе осамне ново утро, божемски помудро и поразлично… Гуд најт лејдис енд џентлемен…“

Previous articleПетpе Шилегов: Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?
Next articleИгор Џамбазов прослави роденден во друштво на згодната водителка, а Илина се огласи од плажа (ФОТО)