Home News Бујар Османи сподели слика на која се гледа дека никој не гласал...

Бујар Османи сподели слика на која се гледа дека никој не гласал против во Собрание

Денес, по неколкудневна тензична расправа, во парламентот помина гласањето за усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог.Почитувана македонска јавност.

Прес одржа лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на која подвлече дека информацијата која што претходно ја усвои Владата на Ковачевски и формално, иако не беше задолжително, поминала во македонското Собрание.

-Но пред да проговорам за ова, сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдината на непокорот кој покажа не само дека Македонија е жива,

туку демонстрираше невидена енергија и волја за борба за својата иднина и за нашата татковина, и таму имаше Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Роми и сите останати. Многумина приоѓаа и многумина даваа поддршка.

Ова не беше битка ниту моја, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, заслугата е на народот, илјадници мажи, жени и деца кои излегоа на улиците и кажаа што мислат за предлогот кој Владата решила да го турка, но и за се она што се случува овој период во Македонија.

Илјадитиот народ кој и покрај сите жестоки жиговсувања, напади, полициски инфилтрати, молотови коктели, местенки и притисоци излегуваше и не отстапи. Благодарам народе мој, и ова не е крајот, туку почетокот на заедничкиот бедем кој Македонија ќе ја врати на народот, рече меѓу другото Мицкоски.

Тој притоа нагласи дека сите пратеници од неговата партија, имаат потпишано нотарски изјави со кои се обврзуваат на лојалност на ставот кој го има партијата, во поглед на уставните измени.

Премиерот Димитар Ковачевски ушати честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата.

-Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки, напиша Ковачевски на фејсбук.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го поздрави гласањето и објави слика на која се гледа дека никој не гласал против:

„Ги поздравувам денешните заклучоци на Собранието, кое по тридневна широка дебата, предложи Владата да ја усвои Предлог преговарачката рамка со цел отпочнување на пристапните преговори.

Нашата држава ќе продолжи на патот на европската интеграција со визија да биде земја на вистински европски реформи и пристојно место за живот и работа.​

Граѓаните ја споделуваат оваа визија и сакаат да станат дел од европското семејство и да придонесат во втемелувањето на европски принципи, демократија, владеење на правото и економски просперитет, напиша Османи.

На социјалните мрежи, веднаш се појавија многу коментари и реакции, зошто опозицијата не гласала против предлогот, иако во изминатите денови на парламентарна расправа и протести по улиците, жестоко се бореше ова да не помине.

Тие денес, пред гласањето, ја напуштија парламентарната сала.

Previous articleГоран Милевски објасни дали ЛДП, ДС и ДОМ треба да ја напуштат Владата и за што се гласаше денес во Собранието
Next articleМицкоски на новинарско прашање потврди дека има пратеник кој не потпишал нотарска изјава, но објасни зошто: Позитивен е на вирусот