Home Live Игор Џамбазов прослави роденден во друштво на згодната водителка, а Илина се...

Игор Џамбазов прослави роденден во друштво на згодната водителка, а Илина се огласи од плажа (ФОТО)

„Ова е „Нејзината приказна“, трејлер“, порача под видеото што го објави на Инстаграм, Илина Арсова, нашата позната планинарка, која беше во Еквадор каде ги редеше своите нови планинарски успеси.

-Пред 3 години, кога имав ден за одмор овде во Кито, под силни впечатоци од моето самостојно искачување на прекрасното Шимборазо, дојдов до идејата, дизајнот и сценариото за трејлерот „This is Her story“.

Концептот беше во мојата глава некое време и името се базира на зборовите на мојот ментор, Дона Карпентер.

Благодарение на неверојатните приказни за овие силни дами, ентузијазмот на креативниот тим и сите страни што ми помагаа да го продуцирам, 9 месеци подоцна целосниот филм ја имаше својата премиера.“

Денес ни е чест да споделиме дека нашиот филм беше дел од официјалната селекција на околу 20 меѓународни филмски фестивали и освои 4 меѓународни награди. Тоа е мојот начин на течење на работите.

Иако ова беше непрофитабилен проект, супер е наградувачки да се види како расте од нула, но исто така е многу инспиративно да се види напредокот и кариерата на овие жени во изминатите 3 години, оспособувајќи ги жените и девојките ширум светот со нивната храброст, упорност и посветеност.

Се чини дека треба да снимаме ажурирање за сите, вклучително и повеќе инспиративни приказни што треба да се раскажат“ рече Илина, а во друг пост упати силна порака:

Во 2012 година на номинација од Американската амбасада во Скопје, бев избрана меѓу 17 жени од целиот свет, како прва генерација на Глобалната Спортска Програма на Стејт Департментот на САД.

Од тука започнаа моите напори за ширење на оваа мисија и во Македонија, преку бројни ангажмани за зајакнување на жените преку спорт, оснивање и поддршка на организации чија цел беше поттикнување родова еднаквост и дипломатска примена на спортот при градење на подобар свет со еднакви можности за сите.

Сега, кога повеќе се зборува на оваа тема, сакам да се надоврзам дека овој концепт воопшто не е нов. Имено спортистите како и уметниците, од секогаш имале одговорна улога, да ја претстават својата земја преку своите дела, вештини, освоени медали и сл.

Си спомнувам на пример, колку сè луѓе ја запознаа Македонија преку моите планинарски походи ширум светот, па дури и дојдоа да ја посетат.

Со поместување на нивото на планинарските спортови, Македонците во странство неретко ме нарекуваа “Амбасадор на добрата волја”.

Иако планинарењето не е меѓу најатрактивните спортови бидејќи на врвовите немаме полни стадиони публика. А замислете дури какво влијание имаат и имале нашите успешни Олимпијци уште од минатото па до денес.

Во процесот на пренесување на искуствата, минативе години можам да се пофалам дека преку 1500 млади, особено девојки ги посетија нашите спортски настани, мотивациски работилници и теренски активности.

А сме успеале да инспирираме илјадници други преку моќта на медиумите, меѓународните соработки и градењето нови заедници кои секојдневно се борат против стереотипите и очекувањата од општеството.

Приказната продолжува, следат интересни новитети на оваа тема“, најави Илина Арсова.

Игор Џамбазов во една прилика ја спомена и својата Илина и нивната љубов и во овој контекст рече: Да бидеш една од 70те жени во историјата на човештвото што успеале да го направат подвигот наречен „7те врвови“,

тоа значи дека си навистина посебна. Со Илина имаме една работа што ептен не поврзува. И двајцата сме „мулти-таск“„.

Работиме повеќе работи, на повеќе полиња, и се трудиме во сите нив да бидеме еднакво успешни, Среќен сум што судбината ми ја прати.

И тоа пред моите порти во Дојран. Се сретнавме, и повеќе не се разделивме. Освен кога е на пат. Како сега. А многу често е на пат.“

Игор Џамбазов вчера го прослави својот 59-ти роденден на Пивофест каде што ја забавуваше публиката. Всушност, таму Игор го прослави својот роденден, во друштво на добра екипа, меѓу кои беа водителот Ване Марковски и водителката Марјана Станојковска.

Марјана постојано му беше подршка на Игор кога ги дуваше свеќичките и потоа објави слика со него каде му честиташе. За жал, Илина не присуствуваше на роденденот на нејзиниот сакан, а по нејзините инстаграм сториња можеше да се види дека всушност Илина била во Охрид на плажа.

Оттаму со нејзина пријателка се сликаа и му честитаа роденден на Игор:

,,Среќен роденден Игор Џамбазов, да си жив и здрав – за се друго – ќе се снајдеме”

Previous articleБоки Бургија: За нив јас cум свртел стpана, за мене тие свртеле – пријатели престанаа да ме “сакаат“ поради политика
Next articleНаташа Беквалац ужива во Шпанија: Со ќерката Хана објави слика, како да се сестри (ФОТО)