Home Live Наша позната новинарка: Има ли некој во оваа земја кој на меcто...

Наша позната новинарка: Има ли некој во оваа земја кој на меcто си ја извршува работата за која е платен?

Новинарката на Фокус, Вики Клинчарова, многу ги објавува јавно своите ставови, за секојдневните случувања во нашата држава.

-Синоќа имав една од тие идиотските ноќи, кога се борев со тежок алергиски напад, па во итна, па боцкање, еден куп лекарства, урбазони…

Се враќам дома, така зашеметена од лекови и си викам, како добро сега ќе отспијам. Ама.. Уште сабајле слушам некаква драма пред врата, цркотници, викање, па се дере некој

– Со стапот ќе мавам, со стапоооот!

-Немој со стапооот, ќе те изеде – слушам друг глас.

Да помисли човек не нападнала цела ар мија. Излегувам надвор, комшијата пензионер од горе грабнал еден дебел стап, а пред мојата врата, на стапката мирно и незаинтересирано си лежи трудна кучка, шарпланинка.

Седнувам до неа, почнувам да и зборувам, ме гледа мирно, земам виршли и давам, да пробам да ја натерам да се симне по скали и да си оди, оти настанала паника во зградата.

Како подава нога надоле по скалите, започнува да се треси, се плаши. И со старата финта (вода), секогаш пали кај кучиња, со шише се истура малку кај што стои, таа веднаш се трга.

На секој чекор надоле, по малку вода, па виршлите пред нос, со убави зборови, кучката се симна, излезе надвор, дури и се израдува кога се најде пред влез.

Си ги изеде виршлите, ми помафта радосно со опашот и си замина. (Ако ја бара некој, немаше каиш, ниту маркица на уво, околу судот некаде е сигурно).

Ова за сите оние на кои периодот ќе им влезе куче во влез на зграда, што често се случува, дали поради жештините, или пак ако некоја кучка чека подмладок, и бара некаква заштита (за жал најчесто на погрешно место). Немојте да користите сила луѓе!

Сила, или пак во случајот стап, се користи само доколку си нападнат, за самоодбрана. Не може да се мава по невини животни кои можеби поради некаква мака дошле во ваша близина и се понадевале на помош, сомилост, храна, засолниште…

Луѓе, бидете ЛУЃЕ, а не ѕв ер ови! Овој свет му припаѓа на сите живи суштества! ПС Гледам по социјални мрежи овие денови возн емиру вачки слики од ув иени животни во Неготино, трујачите пак се пуштиле во погон, апелирам до сите, немојте само да објавувате предупредување, туку и секој случај да го пријавите во полиција.

Не може да дозволиме ѕверови да се шетаат слободно помеѓу нас, денес куче, утре човек, така оди тоа.

Сега Вики се изјасни и за ситуацијата на патот кон Радовиш:

,,Кога сме кај коњите… Ова крдо од 10-15 коњи живее распуштено на коловозот, на врвот на планината Серта, пред клучката Штип-Радовиш, веќе 2 месеци.

Излегуваат пред автомобили на кривините, во меѓувреме добија и подмладок. Еднаш со фотографии и локација се обратив на страницара на МВР, без реакција,

еднаш ѕвонев во полициската станица во Радовиш. Првин ме ,,маваа” дека полициска станица Неготино треба да ги собере, кога им појаснив дека не се во општина Неготино, едвај се согласија да пратат луѓе да ги соберат.

По две нелели коњите уште стојат на патот! Денес во разговор со дежурен во РС Радовиш, пак иста песна, ѕвонете во полиција Неготино, да ги соберат коњите, ние не сме надлежни.

Има ли некој во оваа земја кој на место си ја извршува работата за која е платен? МВР??? Или тука се реагира откако некој ќе отиде курбан?”

Previous articleНаташа Беквалац ужива во Шпанија: Со ќерката Хана објави слика, како да се сестри (ФОТО)
Next articleAдријана Алачки ѝ честиташе роденден на жената која ја нарекува МАЈКА (ФОТО)