Home News Договорот потпишан, Генчовка се изјасни околу македонскиот јазик

Договорот потпишан, Генчовка се изјасни околу македонскиот јазик

Османи и Генчовска во Софија ставија потпис на протоколот меѓу Македонија и Бугарија . Шефот на македонската дипломатија Османи посочи дека пред потпишувањето на протоколот имале конструктивни и суштински разговори за работата на петте групи но и оценува дека доста е сработено . Според него ова е ново поглавје за поблиска соработка меѓу двете земји.

Покрај Османи како дел од Владината делегација која присуствуваше во Софија беше и министерот за правда Бојан Маричиќ кој пак писмено исто така се огласи оценувајќи:

– Денес отворивме европско поглавје во односите со соседна Бугарија. За стратешките и важни прашања нема друга алтернатива освен компромисни решенија кои ја враќаат довербата и градат партнерства и сојузништва“.

Покрај Маричиќ со османи во Софија беа и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Денешното потпишување на протоколот следува откако вчера македонското Собрание изгласа заклучоци за францускиот предлог за надминување на спорот со Софија и за предлог-преговарачката рамка, а потоа Владата на седница одлучи да го прифати предлогот од Франција.

Во вторник (19 јули) во Брисел, пак, се очекува да се одржи и првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

По потпишувањето на протоколот во Софија Ганчовска – средбата исто така ја оцени како корисна и конструктивна а посочи дека евидентен е и напредокот во останатите работни групи .

Сепак на брифингот со новинарите посочила дека македонскиот јазик не го признаваат но истовремено и дека е свесна дека официјална Софија не може тоа мислење да го наметне на останатите земји членки на ЕУ но ќе изготват посебна и еднострана декларација до Брисел за нивните позиции по однос на јазикот.

– Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка, изјави Генчовска.

Важно е, посочи Генчовска, дека отсега ниту еден документ во процесот на приклучување на Северна Македонија кон ЕУ, „не може да се сфати како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик“.

– И тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на Комитетот на постојани претставници, рече министерката за надворешни работи и додаде дека оваа декларација ќе биде претставена и во следните чекори на европско ниво и ќе биде поздравена од Советот на ЕУ.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска рече дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата, да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

Како што информираше, дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија.

– Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години, рече Генчовска.

Previous articleЕлена Живот со Стил ужива во бракот, добрa храна, простран базен и приватност, еве каде одмора водителката
Next articleТуфегџиќ: Нотарска изјава со неуставното име на државата е правно ништовна