Home Live После долго време се појави Даниел Кајмакоски: Му кажаа дека се разубавел,...

После долго време се појави Даниел Кајмакоски: Му кажаа дека се разубавел, еве која е причината

Во неколку наврати, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски има кажано дека е многу горд на своето семејство. Неговиот татко, Павле Кајмакоски е исто така музички талентиран,

и тој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.

Мајката на Даниел, сопругата на Пвле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.

Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија.

Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.

Нејзините три сина се голема нејзина гордост, Даниел инаку има уште двајца браќа, Далибор и Филип.

Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.

Пред четири години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат. Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.

Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат.

Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка. Даниел е во моментов во Србија, Далибор во Америка, а Филип во Австрија.

-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.

Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат.“, рече во една прилика Даниел Кајмакоски, првиот победник на шоуто Икс Фактор.

Тој во интервјуто за bidizelen.org понатаму откри: Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство.

Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси. Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.

Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење. Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев!

На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.

Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си“, рече пејачот.

Кајмакоски во 2015 година, се ожени со Кристина Димитријевска, позната манекенка и Мис Балкан. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители“. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.

Кајмакоски целосно се тргна од социјалните мрежи кога се разведе од Кристина, па освен што сите знаеја за него дека е во Србија, ништо повеќе немаше никој слушнато за пејачот.

После долго време, Кајмакоски објави слики на Инстаграм, како позира, а всушност фокусот на фотографијата е упатен кон неговата коса, која што ја тагирал на фотографиите.

,,Колку сме се разубавеле”, ,,Фалиш во Струга”, се само дел од коментарите под сликата на Кајмакоски.

Previous articleРебека објави дека повеќе никогаш нема да пазари во овој маркет, па ја откри причината (ФОТО)
Next articleЖена го опиша одморот во Египет: За пари се исплати, но за ,,захтевни” туристи не е место