Home Live Ребека објави дека повеќе никогаш нема да пазари во овој маркет, па...

Ребека објави дека повеќе никогаш нема да пазари во овој маркет, па ја откри причината (ФОТО)

Ребека и нејзиниот сопруг Милан Ристески се родители на три сина: Маркијан и Доротеј и Макариј кои се близнаци.

Маркијан има 14 години и боледува од ретко заболување со кое Ребека, Милан и целото нивно семејство успешно се борат.

За лицата со ретки болести, и за нивниот пат, Ребека секогаш отворено зборува на Фејсбук.

-Очекувам имплементација и усвојување на националната стратегија за лицата со ретки болести. Очекувам почист воздух следната зима, ревидирање на Преспанскиот договор и враќање на достоинството на народот во Македонија.

Повеќе закони кои во пракса дека ќе се спроведат, подобар статус на асистентите на лицата со попреченост, поголема сплотеност на здруженијата кои ги застапуваат лицата со попреченост и подобра образовна програма за нашите деца воопшто, независно дали се со типичен или нетипичен развој“, напиша таа во една прилика.

За порталот majkaidete.mk, Ребека зборуваше како се организира околу домот, наставата, децата, работата, и сека новата ситуацика ја натерала да работи повеќе професии одеднаш.

-Секој работен ден, од понеделник до петок ми почнува во 7 и 15 часот – со џогерот. Морам да го пребришам подот во целиот стан особено сега, откако го имаме новиот член во семејството кој пушта многу влакна, пред да станат децата и да почнат да трчаат низ куќа со своите боси ноџиња.

Потоа си правам кафе кое обично не го испивам или пак го пијам два саати, заборавајќи го одвреме навреме на различни места низ станот.

Претежно сум сама со тројцата, освен ако Мики не оди тој ден подоцна на работа, па во меѓувреме го носи кучето на прошетка.

Близнаците стануваат и се облекуваат сами, а на Маркијан за ова сѐ уште му треба помош, па му помагам да се облече, да ги измие забите, да ги испие лековите, им спремам појадок, иако понекогаш близнаците знаат и самите да си направат нешто, и почнуваме со онлајн наставата.

Тие седат на маса и учат од еден компјутер, а бидејќи се сега во фаза на описменување и учење на ракописни букви и математички операции, морам да надгледувам цело време.

Учиме во просек до кај 11 часот, потоа правиме малку пауза, а потоа гледам веднаш да го напишат и домашното.

Дури и во време на пандемија не отстапивме од своето правило: таблет може само во петок и сабота по два часа и во ниту еден друг ден. Потоа, ако не сум направила ручек од вечерта, го готвам ручекот за тој ден’, изјави Ребека.

Во една од нејзините понови објави, Ребека го искажа својот револт кој ги засега многу Македонци:

,,Мајкини деца, мои алтани, Ве носам и ве носев грижливо како кога носиш филџан полн до врвот со кафе за на раат потоа да го испиеш.

Првиот филџан,си велев, ќе го носам долго овде зашто овде луѓето немаат солзи, а јас одамна веќе сите ги исплакав.
По пат додека го носев ме буткаа од сите страни, ми правеа сопки, а јас со едната рака го носев, а со другата се бранев ,подавав, потставав, градев, носев.

На луѓето им се чинев како карпа, а јас само се држев за молитва и како војник за своето оружје во битка јас гледав напред и внимавав да не сопнам.

Но, препреките станаа толку многу големи. Денес го изгубивме мајкини тлото под нозете. Денес паднавме, мајкини, на колена.

Останав нема на вашите прашања. Нашите соништа се распаднаа. Долгот кон нашите претци не го исполнивме. Државата ја предадоа

Тие што зборат за вашата, нашата иднина ве лажат. Без достоинство не сме ништо. Без достоинство сме црна дупка

П.С.Се срамам од сите вас мои пријатели, роднини, другари, соработници кои велевте дека работата е завршена и кои никогаш немавте време за Македонија, за вас!

До тука било Ме разочаравте. Се срамам од вас”

Последната објава на Ребека на нејзиниот фејсбук профил објави дека повеќе никогаш нема да стапне во овој маркет. Објасни и зошто.

Previous articleСветлана се појави со длабоко деколте и чевли од 1200 евра, а публиката и порача: „Цеца те сакаме“ (ФОТО)
Next articleПосле долго време се појави Даниел Кајмакоски: Му кажаа дека се разубавел, еве која е причината