Home News Шилегов: Знам една која знае како се станува Бугарка без да бидат...

Шилегов: Знам една која знае како се станува Бугарка без да бидат отворени преговорите со ЕУ

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, вчера на социјалните мрежи даде поддршка на одлуката на Собранието и Владата:

„Формирањето на македонската држава бил и е тежок процес. Заради сите историски околности.

Заокружувањето на македонската државност и во минатото и сега, секогаш било со многу тешки чекори. Со компромиси, кои други не морале да ги прават. Сите тие чекори, секогаш личеле или биле претставувани како апокалиптични за државата и народот. Како нејзина и наша пропаст.

Таков е и овој, последен чекор. Полн компромиси. Емотивен. Полн со недоверба. Исполнет со стравови и гнев. Но исправен. Единствено исправен.

Должни сме сите во општеството, да ја намалиме поларизацијата. Леснотијата со која се кажуваат тешки зборови, со која се шиканираат луѓе (дури и колнења) е зачудувачка и засрамувачка. Таа леснотија и тие зборови, природно е да имаат слични реакции.

Ги познавам добар дел од пратениците од сите политички партии. Неможам да кажам за било кој од нив дека не е патриот и дека не си ја сака својата татковина и својот народ. Но, разликата во политичкиот пристап не може да биде основ за меѓусебна “борба до истребување”.

После 17 години чекање, го започнуваме процесот на преговори за полноправно членство во ЕУ. Тоа е процес во кој што ќе биде потребен секој еден способен поединец, без оглед на политичката припадност. Најмногу ги има оние кои и не се во ниту една партија. Ни треба секој од нас.

Така најсигурно ќе се заштитиме од сите стравови, а така веројатно и ќе го смениме општеството и системот од кој што сме незадоволни. Така ќе се европеизира Македонија, а нашиот македонски народ и нашите граѓани, ќе станат дел од европските народи и европски граѓани.

И да. Со свој македонски јазик. Со своја култура и историја. Посилни од било кога!“

Еден од главните аргументи на опозицијата, беше дека со прифаќањето на условите од францускиот предлог, ќе дојде до бугаризација. Петре Шилегов денес во статус на својот профил на социјалните мрежи, отвора друга дилема:

„Јас не знам како тоа (додуша и не верувам) со отварање на преговори за членство во ЕУ се станува Бугарин, ама знам една која знае како се станува Бугарка без да бидат отворени преговорите …“

Previous articleТуфегџиќ: Нотарска изјава со неуставното име на државата е правно ништовна
Next articleМарк од Брза Кујна со непријатна вест која ги разочара неговите следбеници: Морам да ви кажам, нема повеќе да бидам дел од Брза Кујна