Home Live Анѓелка Илиева: Фала ви што постоите ДОКТОР Жан Митрев – еве што...

Анѓелка Илиева: Фала ви што постоите ДОКТОР Жан Митрев – еве што се случуваше со моето дете

По вчерашниот прилог на ИРЛ, во кој беа иницирани сомнежи дека во Жан Митрев Клиника, спроведувајќи хемофилтрација на пациенти, исто така се спроведувала клиничка студија, без за тоа да бидат информирани пациентите и без да биде добиена согласност од МАЛМЕД, реакциите во јавноста се бурни.

Јавното обвинителство, денес соопшти дека почнува постапка по допрен глас, со која ќе ги испита наводите изнесени во јавност.

На социјалните мрежи, преовладуваат оние кои ја осудуваат ваквата постапка на болницата, но има и такви кои потсетуваат дека многу луѓе биле спасени во болницата.

Анѓелка Илиева од Штип, напиша:

,,Веројатно ако напишам било што во одбрана на болницата која сите знаеме дека е над секое ниво кое постои во Македонија , ќе биде сфатено дека е со пристрасност… ниту ќе коментирам за “турските” серии што се режираат…

Нели до толку знаеме сите зошто и зошто баш денес, и повеќе од јасно е дали е возможно да има пропусти во една болница која е 24 часа под видео надзор во секој еден ќош на секоја болничка соба..

Не знам веројатно не знаете што е ЈСI акредитација.. штета што не снимате емисии за клиниките каде вода не им даваа на луѓето по 3 дена …. Конкуренцијата, злобата и зависта се на најјакo во нашата земја…

Прво лично ме погодува фактот дека постојат луѓе што се осудуваат да нарекуваат у б иец некој кој секој еден ден додека сите вие уште не знаете каде кафе ќе пиете веќе спасил 3-5 човечки животи, при тоа ниту јадел ниту пиел со саати…

Знам не ни може да замислите како е тоа да ништо друго не те интересира освен по цел божји ден да оперираш…

Нема да коментирам понатаму за дрскоста да се спомнуваат “протоколи” за лекување за ко вид, зошто веројатно по протоколите од кои читате пациенти се лекуваат по телефон без да се прегледуваат со давање на Сумамед за секој случај и обавезно лек за паразити Ив ерм ектин ??

А особено што се дрзнувате титулите да ги коментирате на некој кој во 22 год спасил 20 илјади човечки животи…

Зошто гледам дека новинарите будно ги следат моите колеги и ги демнат на фб какви постови пишуваат за да ги репостираат за внимание имам да ви раскажам една многу долга приказна во кратки црти…

Во 2017 год по огромна голгота низ државните клиники со моето дете кое тогаш имаше едвај 4 години и за жал во една недела ги изгуби сите функции со нагла загуба на говор, одење после месеци голгота и тогаш безнадежни дијагнози и влошување решив да ја однесам на свое брање во болницата каде работам за сепак да се консултирам на повисоко ниво надвор од државата кој би можел да ми помогне…

Др Митрев откако ја виде ми рече само едно” детето под итно носи го во Германија, уште утре” , – Каде кај кој? Никој не познавам… Носи го во Хајделберјг таму се најдобри за деца.. Нема кој да те врати со вакво дете во рацете, тоа е Германија! #uniklinikumheidelberg

Фала богу го послушав! Во врска со почетокот на лекувањето, при приемот во болницата прво и земаа брисеви, имавме однесено 3-4 бактерии од клиника меѓу кои и МРСА, што за мене како лекар не беше чудно за пациент кој долго време лежи во болница..

После направените испитувања докторот дојде во собата и ми кажа – Се работи за многу ретка форма на автоимун енцефалит (воспаление на мозокот) болеста има напреднато и во нејзината крв има доста такви “антитела” , но не грижи се, МИСЛАМ дека МОЖЕ да и помогнеме…

Предлагаме да направиме една метода на “прочистување” на кр вта за да ги отстраниме веќе создадените анитела, па ќе видиме…

Има многу ризици од самата интервенција детето ќе биде поврзано со цевки од срцето преку вратните кр вни садови на машина, може да има и ненадеен мозочен у дар зошто во цевките може да се образуваат тромбови но вреди да се се обидеме…

Е и другото ќе ве чини 65 000 евра, и секако ќе го почнеме лекувањето откако ќе уплатите по профактура или ако вашиот ФОНД гарантира дела ќе плати…

Искрено не ни памтам како ги поминав тие денови додека се молев ем да добијам согласност за да почне лекувањето, ем да не и се случи некоја фатална компликација…немав избор морав да верувам дека ќе успееме…

Фала му на Господ методата беше успешна и веќе на петтата филтрација Јована која беше безживотна, неподвижна почна да се подобрува…

Во ниеден момент не ми текнало за докорите во Хајделберг да кажам дека експериментирале врз моето дете, ниту дека се ра тни профитери зошто 65 илјади евра се сериозна сума, ниту дека се безмислосни зошто чекаа прво да се плати па потоа го почнаа лекувањето на детето кое тонеше секоја минута!

Јас животот свој и на своето дете им го дожам и благодарение на тоа имам здрава и преубава девојка денес!

Нема да кажам дека бев 6 (ШЕСТ) месеци отсутна од работа, во ниеден момент никој не ме праша кога ќе се вратам ниту некој ми скрати денар од мојата плата која и те како ми беше важна а јас не бев на работа пола година!

Фала ви што постоите ДОКТОРЕ Жан Митрев ! Сите ние кои сме добиле подршка од вас кога ни било најтешко знаеме како е.

Мене може само да ми биде чест што ја имам можноста да бидам дел од тимот, да учам и да се надоградувам секој ден.
Сите вие кои без да знаете сте тргнале да споделувате постови продоложете да се бавите со тоа што почнавте од сабајле, политика, партии, историја иднина… оставете ги докторите да го работат тоа за кое се родени!”

Previous articleУбавата Наре од ,,Ќерката на амбасадорот” ги изpадува фановите: Се враќа на работа, СЕ ОПОРАВИВ!
Next articleЈанко Илковски: Јас сум да се истражи Жан Митpев, но да се испита и ова од Државна (ВИДЕО)