Home Live Денис Космонаутко и поласка на неговата понежна половина: Јас сум шкорпија, ти...

Денис Космонаутко и поласка на неговата понежна половина: Јас сум шкорпија, ти си рак, сНе биле најубата комбинација

Космонауполит. Роден во Скопје, по мајка и тако прилепчанец. По жена охриѓанец а тоа се важи, другото е занемарливо, вели познатиот медицински работник Денис Јанкуловски во својот статус, познат како Денис Космонаутко.

Имам роднини и пријатели во Битола. Го обожавам Крушево. Во Куманово сум бил на мезал`к, сакам штипска/велешка/светиниколска пастрмајлија. омилени ми се кратовски мантии.

Сум шетал во Струмица на улица. Најубаво ми е тетовското но и ресенското јаболче. Како мал јадев гостиварска урда. Омилено место ми е кичевското Крушино.

Пред години јадев преубај мали струшки пици. Еднаш влегов во гевгелиското Фламинго. Уживам во дојранското шеталиште.

Се гордеам што другарче ми е кадаваречкиот Борче. Кочанскиот ориз можам секој ден да го јадам. Еднаш доручкував кривопаланечка пита. Бибуш ми прави беровско манастирско лепче со капа. Нема поубаво од валандовска калинка. Преубава е дебарската природа.

Не сум бил во Демир капија, Демир Хисар, Виница, Пробиштип, Неготино, Пехчево, Богданци, Радовиш, Македонски брод и Македонска Каменица. Ама ќе одам. Гуш и бац за убава снежна недела“, вели Денис во еден од своите утрински постои каде што пее.

Денис Јанкуловски, познат и како Космонаутко, кој неуморно на терен собира брисеви од граѓаните за да се тестираат дали се позитивни на вирусот, како што е познато е еден исклучително позитивен лик.

Тој има своја пасија во која ужива и јавноста, а тоа е пеењето. Изминатово лето, тој имаше официјален настап пред публика во живо, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со популарните Дац и Александар.

Инаку, како што е познато, Денис Јанкуловски секое утро своите пријатели и следачи на социјалната мрежа фејсбук ги забавува со свои изведби од познати песни и рефрени, што со текот на времето стана и негов своевиден заштитен знак.

Дел од песните што тој гии всушност ги посветува на својата сопруга Билјана. Во Женски магазин, тој раскажа како ја „ќарил“ неговата сопруга.

– Дефинитивно таа е не само мојата поддршка туку моето Се`. Целиот овој кор-онски период заради моите отсуства од дома таа ги презеде сите функции во домот, таа е и мајка и тако, таа е одговорна за набавки, буквално за било што.

Има разбирање за тие мои отсуства, знае што работам, гледа дека ритамот се промени, за да бидам ефективен во работата мора да бидам одморен. Таа ми е ветер во грбот.

Се запознавме додека беше на студии во Скопје, студентска љубов на прв поглед. Имавме заеднички другари и така настана спојката. Кога таа стана апсолвентка требаше да се прибере дома во Охрид и да доаѓа само за испити.

Тоа значеше „љубав преко жице“, што некако не ми фаќаше око. И некако спонтано, онака двајцата со истата идеја да бидеме заедно. И сме. Јас дефинитивно бев посрамежлив тогаш. Па за некои работи „околишаш као киша око Крагујевац“, па опипуваш терен.

Има една смешка од периодот додека бевме тазе, на почетокот. Ме праша дали пијам турско кафе, јас, нормално како од пушка викам ДА. Ми вели, без шеќер? Ауууу, строго без викам. (инаку пред ова прашање немав ни голтка пробано, ама све за љубав хаха).

И пијам така извесен период, работава станува сериозна и еден ден и` реков, бидејќи сме за везден де тури шеќер во ова пелинов. Па нели пиеш горко?

Викам, абе сестро златна, не само што не пијам горко туку ни турско не пијам. Испив уште некое кафе, оттогаш повторно не пијам. Значи ако може да биде ова „финтата“ за успешна мисија, тогаш ете ја“, рече Денис во Женски магазин.

Денис Космонаутко и посвети статус на неговата понежна половина Билјана која денес и е роденден.

,,Јас сум шкорпија, ти си рак, сНе биле најубата комбинација во зодијак

Среќен роденден моја љубоФ, денес имај го најубавиот ден (ак е уопќе можно да е таков без мене) и денешнава радост ем убост нека ти да даде сила ем воља од 25ти полжаФчина да ми спремиш.

Те сакам”

Previous articleБајага во една прилика откри каков проблем имале со Емилија: Не можевме да одиме на одмор некаде каде што одат сите
Next articleСе огласи Жан Митрев Клиника: Згpозени сме од невиcтинитите инфоpмации во медиумите