Home Live Хана Хулиќ се породи: Откако Петар Грашо стана татко, неговата бивша се...

Хана Хулиќ се породи: Откако Петар Грашо стана татко, неговата бивша се огласи: „Нека ви е…”

Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, се породила вчера во Сплит и родила девојче, објавија хрватските медиуми.

Пејачот Петар Грашо во март годинава се ожени со својата избраничка Хана, а сега нивниот дом стана побогат за еден член, пишува ,,Слободна Далмација”.

Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка избрала име за девојчето кое ќе се вика Алба.

Петар Грашо никогаш не сакал да го изнесува својот приватен живот во јавност, а неодамна призна дека воопшто не е задоволен од оваа медиумска популарност откако се дозна дека е во врска со Хана.

– Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно уште повеќе ги поттикнува медиумите кои бараат сензации.

Нам ни е смешно како всушност станавме медиумска мета, а не кренавме прст за тоа. Ни најмалку не се оптоваруваме, забавни ни се сите тие написи и корици со бомбастични наслови и тенка содржина. Најмногу нè насмеа веста дека станавме хрватските „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна:

– Секогаш ми беше важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и дека музиката е единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична личност.

И покрај ова, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.

Пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ вчера станаа родители на малото девојче Алба, а сега Тончи Хуљиќ го најави доаѓањето на новото бебе и ги откри деталите за породувањето на неговата ќерка.

Семејствата Хуљиќ и Грашо имаат големи причини за славење овие денови. Малото девојче дојде на свет пет дена пред терминот и ги изненади сите. Ова го призна и гордиот дедо Тончи кој откри како поминало породувањето.

– Пресреќни сме! Алба малку брзаше кога дојде на свет, но своевремено малку порано на свет дојдоа и нејзината мајка Хана и нашиот Иван, кој е синот на Тончи – изјави Тончи за „Јутарњи лист“, а Грашо додаде:

– Мама и бебе се добро, сè помина добро. Бебето е здраво и среќно.

Инаку, Хана утрото пристигнала во сплитското породилиште, а кога родила Грашо бил во Загреб. Му се јавиле членовите на семејството и го известиле за ситуацијата, а тој потоа влегол во автомобилот и заминал за Сплит.

Веста дека неговата сопруга е во болница го стигнала откако слетал на аеродромот во Загреб од Македонија.

Кога Хана се породи, Петар наздравуваше со неколку пријатели и дедото, но вистинската прослава допрва следува.

– Семејно славевме, но ќе правиме вистинска забава за да ја прославиме и свадбата и раѓањето на бебето – вели Тончи и низ смеа открива дека не сака внуката да го нарекува „дедо“:

– Јас ќе бидам Тончи. Сè е во едно.

Тој ја потврди и информацијата дека девојчето се вика Алба.

-Петар и Хана однапред се договорија малата да се вика Алба. Тоа е име со латинско потекло и доаѓа од зборот ,,albus” (бело, светло).

Алба на италијански и шпански значи ,,зора”, па може да се каже дека девојчето го добило името по таткото на Петар, Зоран. Инаку, да беше момче, ќе се викаше Тончи, по мене и на дедо му – рече низ смеа Тончи.

Да потсетиме, Хана и Грашо се венчаа во февруари во Сплит, а венчавката се одржа во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ беа во љубовна врска 24 години и цело време се обидуваа да станат родители. Набргу по раскинувањето, Грашо стапи во врска со Хана, а набрзо и во брак.

Новата песна на Данијела, „Фортуна“, како што објави на Инстаграм, го зазеде првото место на домашната музичка листа на тамошното национално радио.

“Ти благодарам. Нека ви e животот Фортуна… ваша Данијела”, изјавила пејачката.

Previous articleЈанко Илковски: Јас сум да се истражи Жан Митpев, но да се испита и ова од Државна (ВИДЕО)
Next articleСашка Цветковска вчера најави: Во сpеда ќе објавиме нови информации, продолжува истражувањето