Home News Игор Џамбазов откри нешто што никој не го знаеше – живееле во...

Игор Џамбазов откри нешто што никој не го знаеше – живееле во Прилеп во оваа куќа (ВИДЕО)

Напиот најголем шоумен на сите времиња, актер, пејач, водител…

Игор Џамбазов завчера го прослави својот 59-ти роденден на Пивофест каде што ја забавуваше публиката. Всушност, таму Игор го прослави својот роденден, во друштво на добра екипа, меѓу кои беа водителот Ване Марковски и водителката Марјана Станојковска.

Марјана постојано му беше подршка на Игор кога ги дуваше свеќичките и потоа објави слика со него каде му честиташе.

За жал, Илина не присуствуваше на роденденот на нејзиниот сакан, а по нејзините инстаграм сториња можеше да се види дека всушност Илина била во Охрид на плажа.

Оттаму со нејзина пријателка се сликаа и му честитаа роденден на Игор:

,,Среќен роденден Игор Џамбазов, да си жив и здрав – за се друго – ќе се снајдеме”

Басистот од бендот со кој музицира и настапува Игор Џамбазов, Трајко Симоновски, на многу оригинален начин му го честиташе роденденот на својот колега:

„Сакам да кажам: Имав срека во животов/кариерава да свирам, да ги пратам најголемите музички звезди на македонското небо.

Свирев со Тоше, со Калиопи, Каролина. Тамара, Гаро, Влатко, Ристо, секако Харе и уште многу други. Вчера имав концерт со Игор Џамбазов.

Додека свирев ми текна дека тоа е моментот кој ќе го памтат многу луѓе… некои млади музичари во првите редови, некои постари сограѓани кои искочиле да зграбат една вечер со смеење и пеење, некои да испијат пиво во негово друштво . Сум видел многу такви.

Не ми се верува дека поминаа повеќе од 26г како го пратам Игор Џамбазов. И не ми се верува дека е пославен од било кога.

Му ги пејат песните повеќе од било кога, му ја знаат секоја запирка од животот, живеат со него.

Ми текна дека вчера, на неговиот 59 роденден јас јавам со Трајче Дрварчето. Си се видов во серија дури. Толку таа авантура мириса на театарски даски и на сцена од филм. 26г филм. И го тепав во белјот, и на ПЕС сме секогаш, пазев да не се налути пошто не сака да губи. Поготово идентитет, името, јазикот…

Среќен роденден Џамбаз… да си ни жив и здрав уште 59г. И да знаешп, во Прилеп бе 4г, 6 месеици и 25 дена… знаци во Виница 22 дена:) Лове јоу ман анд лове ис.“

Игор Џамбазов, трогнат од вашата честитка, му се заблагодари на Трајко, споделувајќи го неговиот статус:

„Басистот мој Трајко Симоновски, ти благодарам, соборецу мој!“

Вчера Игор Џамбазов, на својот профил на социјалните мрежи, објави видео од пред куќата во која заедно со семејството живееле неколку месеци, по земјотресот во Скопје, кога нивната куќа била оштетена.

„Во оваа куќа сум проодел“, рече Џамбазов!

Previous articleМарк од Брза Кујна со непријатна вест која ги разочара неговите следбеници: Морам да ви кажам, нема повеќе да бидам дел од Брза Кујна
Next articleБајага во една прилика откри каков проблем имале со Емилија: Не можевме да одиме на одмор некаде каде што одат сите