Home Live Се огласи синот на Нано Ружин, Алекс: Јавноста не смее да дозволи...

Се огласи синот на Нано Ружин, Алекс: Јавноста не смее да дозволи манипулација од овој калибар

По објавената сторија на редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија со наслов „Нечиста крв“ прес-конференција одржа и министерот за здравство, Беким Сали.

Тој не одговори дали Министерството за здравство има издадено дозвола за вршење на хемофилтрација како метода за лекување на тешко болните пациенти од ковид-19 во болницата Жан Митрев, туку појасни дека сите прашања ќе ги одговори в среда за кога ја закажа следната прес-конференција.

„Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев” и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата“, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

„Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок.

Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување.

МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација“, рече Сали.

Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали.

Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај.

„Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има“, порача Сали.

На социјалните мрежи преовладува јвниот „линч“ кон д-р Митрев, но има и такви кои му даваат поддршка.

Александар Ружин, синот на Нано Ружин се огласи на социјалните мрежи за актуелната ситуација за која сите моментално зборуваат, односно, болницата Жан Митрев.

,,Многу мои пријатели извлекоа жива глава од Ковид-19, токму благодарение на терапијата со хемофилтрација во ZAN MITREV. Некои од нив спремни се да дадат и изјава дека се презадоволни од услугата и третманот на клиниката и дека најмалку од се им била битна цената во тие моменти на битка за сопствен живот.

Еден албански бизнисмен изјави дека би платил и 500.000 евра за да биде спасен неговиот сакан татко со истата терапија, но за жал не бил лекуван соодветно во една друга институција и почи нал.

Оние пациенти кои на време беа хоспитализирани, сите до еден беа излекувани соодветно верувајте! Новинарите еден врвен експерт сакаат да оцрнат, а при тоа забораваат дека тој спасил илјадници македонски животи.

Јавноста не смее да дозволи манипулација од овој калибар! Упатувам целосна поддршка до мојот пријател Д-р Митрев и до целиот персонал на клиниката.

,,Во момент додека требале да се спроведуваат сите можни “протоколи”, би сакал да напоменам дека целата светска популација беше во вонредна состојба, а здравствените системи на речиси сите држави беа пред колапс.

На една државна клиника сестри од ушно одделение се грижеа за интубирани пациенти, доктори спиеа по 2 часа, пациенти умираа по ходници, погребалното не можеше да постигне.

Беше битка за живот и за помалку мр тви. А не период за водење на папирологија! Свесни ли сте дека ова е атак врз целокупниот здравствен систем, беше прозван дури и министерот и други институции кои одлично се справија со пандемијата. Хелоу?!”,

напиша Алекс Ружин кој потоа сподели статус од една мајка низ што поминала кај докторот:

Previous articleСе огласи Жан Митрев Клиника: Згpозени сме од невиcтинитите инфоpмации во медиумите
Next articleЌерката на Аца Лукас доби необичен поклон кој ја расплака: Ова само тато може да го подари