Home Live Еве каква згодна свекрва има велешанката Мими од „Звезде Гранда“ која неодамна...

Еве каква згодна свекрва има велешанката Мими од „Звезде Гранда“ која неодамна се омажи и што рече таа за својата снашка

Убавата велешанка, младата пејачка Мими Јовановска од Велес го фрли жирито на „Звезде гранда“ во Белград во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат.

Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”, во минатата сезсона на Звезде Гранда, каде што Мими стана доста популарна.

Мими вели дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека зигорам“ од Пепи Бафтировски.

Новата ѕевзда на „Звезде гранда“, вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот.

„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.

– Мајка ѝ и нејзиното братче живеат во Шведска и повеќето од времето се разделени отколку што се заедно. И договоривме мајка ѝ да дојде без таа да знае. Ѝ викам: Мими, може ли да се видиме на кратко?

А таа ми вели: Морам да одам во Велес. А мајка ѝ беше веќе пристигната. Ѝ реков, Мими, врати се, многу ми требаш.

Се врати, и со ова можам да кажам дека е вистинска другарка. Ѝ приредивме големо изненадување, и не знаеше каде се наоѓа“, рече нејзината добра пријателка Марија.

Мими рече дека ѝ драго што ја препознаваат на улица и сакаат да се сликаат со неа.

Таа зборуваше и за врската со Фиип од „Браќа Нуне“ бендот со кој настапува, и не сакаше многу да коментира за нивната љубов.

Таа кратко рече дека се заедно и се поддржуваат во сè што работат. Мими за жал испадна од понатамошното натпреварување на Звезве Гранда.

Мими прво ја отпеа македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, а за втора песна ја одбра „Кажуј крчмо“.

Од жирито доби 5 гласа, и и беше истакнато дека запонала како аутсајдер, а дека до овој 5 круг се развила и подобрила многу со своите изведби, пеење и стајлинг. По овој повод, таа ѝ се обрати на јавноста на Инстаграм:

Драги мои, ви благодарам од се срце за огромната поддршка после мојот настап на Звезде Гранда . Секој ваш коментар го слусшнав, прочитав и многу ми значи.

Ми значи успехот што го постигнав до денеска и тоа сшто вие несебично ме поддрзжувате. Ќе се потрудам и во иднина мојата енергија и песна да ја пренесам на сите вас! ВЕ САКАМ!“, изјави Мими во минатата сезона.

Мими пред неколку месеци овјави слика со прстен кој ѝ го дал Нуне и напиша: Милион пати ДА! Оваа слика ја сподели Гордана Нуневска, идната свекрва на Мими која на Фејсбук напиша: -Си имам снаа. Да сте цел живот среќни!

Мими отсекогаш била многу убава и средена девојка, но откако реши да се мажи со Филип Нуне, таа ептен се разубаве.

Сменета боја на коса, па малку поинаков стил на облека, појака шминка- Мики како созрева така се разубавува а сигурно дека токму Филип Нуне е причина за оваа нејзина среќа.

Викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба. Иако невестата потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија…

А како поинаку ако не со музика и свирачи!“, објави Вистина. Заклетва пред Бога на вечна љубов млафдите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.

Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семајства ја прославија венчавката.

Мими и Филип за првиот танц од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и… Еве ја нејзината премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц!

Но, погледнете каква згодна сверкрва има Мими. Госпоѓа Гордана, мајката на браќата Нуне, познатите музичари, уште пред свадбата гордо се пофали со своите две снашки.

Објави слика со нив и напиша: со снашките. На сликата се гледа дека Гордана Нуневска е многу убава жена, а убавите снашки ја прават уште поубава и ја подмладуваат.

Previous articleЦените во Охрид како во Гpција, е не ви давам две ипол евра за кафе, бар поглед на море да имаше!
Next articleИгор Џамбазов му го даде македонcкото знаме на Cлави Тpифонов: Ова цела историја го сакате!