Home News Игор Џамбазов му го даде македонcкото знаме на Cлави Тpифонов: Ова цела...

Игор Џамбазов му го даде македонcкото знаме на Cлави Тpифонов: Ова цела историја го сакате!

Бугарскиот политичар, ТВ шоумен и музичар Слави Трифонов, коментирајќи ги резултатите од пописот кај нас, објави колку македонци добиле бугарски пасоши само лани, и постави неколку дилеми:

„При објавувањето на резултатите од пописот, Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека ги објавиле податоците само за етничките заедници кои се застапени во македонскиот устав, реагира Трифонов и нагласува дека само 3. 504 граѓани се изјасниле како Бугари, а тоа е како воопшто да нема Бугари.

-Само во последните 2 години, кога светот го затвори пандемијата, бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен.

Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“.

Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Северна Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја, резимира Трифонов.

Понатаму тој додава дека зборувајќи логички, „ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени“.

-Значи, моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија ќе биде само дел од Западен Балкан, заклучува Трифонов во објавата на Фејсбук.

Нашиот актер Игор Џамбазов објави снимка на стори на Инста, од времето кога му бил гостин во студио на Трифонов, кој тогаш имаше многу популарно телевизиско шоу. Игор од публиката која била во студиото бил пречекан со голем аплауз.

Кога влегол во студиото, рекол: Мерси мерси, и потоа, на масата пред Славе го ставил македонското знаме и го прашал: А, каде е твоето знаме од вчера? Потоа Слави на масата го извадил и бугарското знаме.

Слави ги доближил знамињата едно до друго на масата, и рекол: Е, така, сега е многу друго. На ова, Џамбазов му одговорил: Еее, вие цела историја тоа го сакате.

Ова се случувало во 2008 година, а Игор гордо ја бранел Македонија кај Трифунов. На јутјуб има доста снимки од од таа емисија, а во еден дел, Џамбазов вели:

-Немојте да гледате CNN, BBC, ќе затапите. Има еден документарец кој оди сега за мојата земја, и во него има една запалена куќа, еден превртне трактор, едно бесно куче, една забулена Албанка, и еден те ро рист со Ка ла шњиков.

Тоа не е мојата земја. Каде е тоа мојата земја? Дојдете да видите каква е мојата земја. Морам да ти кажам ова. Со мојата кола, дојдов до митницата (границата).

А, немало блграска кола која сакала да дојде да ме земе. Тоа не е ли тажно?

Па, јас морав со мојата кола да одам, па да ја поминам пешки митницата…. Морам да ги поздравам митничарите (граничарите), оти нема да ме пуштат назад за Македонија. Тој страв што ви го всадиле BBC, CNN и Euro news, треба едноставно да го заборавите.

Не треба да се плашите да доаѓате во Македонија“, му рекол Џамбазов на Трифунов во 2008 година.

Previous articleЕве каква згодна свекрва има велешанката Мими од „Звезде Гранда“ која неодамна се омажи и што рече таа за својата снашка
Next articleСани облечена како „трбушна плесачица“, во вакво издание не сме ја виделе (ВИДЕО)