Home Live Сани облечена како „трбушна плесачица“, во вакво издание не сме ја виделе...

Сани облечена како „трбушна плесачица“, во вакво издание не сме ја виделе (ВИДЕО)

Сани Гроздановска е една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки на фолк сцената. Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа.

Сани во 2017 година се омажи за својата љубов Мартин, со кого беше во врска неколку години.

Ова беше втор брак на Сани која има ќерка Викторија, која има 12 години. Во номеври во 2018 година, Сани ја роди својата втора ќерка која се вика Ева.

Атрактивната и згодна Сања Сани Гроздановска, нашата позната фолк пејачка, од пред неколку месеци веќе го носи презимето Гроздановска откако се раздели од вториот сопруг, Мартин кој е боди билдер.

Сања Сани Гроздановдска за Бекстејџ потврди дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски. „Нешто што не го бива, боље да се прекине на време како велат- боље спречити него лечити.

Јас сум од тие што не сака да пие лекови и такви ствари, и затоа спречив на време. Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да не разделат. Меѓутоа нема врска, животот продолжува понатаму“, рече Сани во Бекстејџ но како да сакаше да ги задржи солзите.

Потоа, водителот ја праша: Како си сега, ова ти е втор пат, а таа рече: Сега сум топ, у топ форма, у најјаката форма од цел мој живот.

Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со се. Јас се спремам за третиот ти си запнал со тие два брака- му рече Сани на водителот.

Сани знае да направи атмосфера за памтење, па затоа сите ја бараат. Минатиот месец, Сани на својот Инстаграм сподели серија од фотографии дека заминува во Австралија.

Таа изгледа многу среќна на фотографиите, а и како не би била. За естрадните уметници Австралија е омилена дестинација, каде освен добар провод, имаат и добра заработка.

Со оглед на тоа што Сани е една од најпопуларните македонски фолк пејачки, нашинците во Австралија уживале, во нејзиниот глас, а богами и стас!

Татјана Лазаревсјка објави снимки и слики како кај неа и кај Новица дома, во Мелбурн си правела пижама парти, На сликите се и Маријана Новачевска и Сани Гроздановска.

Но Сани, на сликите не носи пижами, туку хеланки и кратка маица. Без оглед што во Австралија е зима, Сани е облечена како среде лето.

Имено, сите ја знаат Сани дека е многу забавна и често знае да се шегува со нејзините следбеници. Таа во една прилика истакна дека ќе се мажи по третпат, што всушност не беше вистина, туку само сакаше да покаже накит од една наша продавница.

Имено, на тој начин на сите им го привлече вниманието, а кога беше во Австралија тоа го направи пак. Сани објави фотографија како се бакнува со статуа од мајмун, па додаде во описот: ,,Во врска”.

Трајче Толевски, другарот на Сани од групата Скопски боеми, објави видео во кое Сани му меша, а на снимката, таа е облечена како „трбушна плесачица“.

Додека Сани меша, а Трајче меша со неа, тој напишал интересен наслов до ова видео.

Имено, Трајче, кој е познат по својот хумор, и е секогаш подготвен за добра забава, напишал: Плесна група Бардовци.

Previous articleИгор Џамбазов му го даде македонcкото знаме на Cлави Тpифонов: Ова цела историја го сакате!
Next articleСе огласи Искра Канзурова по прифаќањето на Францускиот предлог, еве што pече на Фејс, и што ѝ врати Петар Богојески